ДЕНЕС Е ИВАНДЕН: Девојки, ако денес го направите ОВА, ќе се омажите до есен!

Иванден е христијански празник со кој се одбележува раѓањето на светиот Јован Крстител, 7 јули по грегоријанскиот календар. За овој ден се врзуваат голем број обичаи и народни верувања.Во црковниот календар денешниот празник е обележан со црвено. Меѓу народот постојат многу верувања кои се поврзани со Иванден, скоро исто колку и за Ѓурѓовден, а повеќето потекнуваат од предхристијанското време.
Се верува дека девојките ноќта „во очи“ на Иванден треба да одат на ливада, да запалат оган и берат цвеќе и тревки од кои ќе сплетат венец. Додека тоа го прават треба да пеат песна: Јас посеав лен, баш на Иванден…
Венците од иванските цвеќиња на денешен ден се ставаат на вратите на домовите и тука треба да останат преку цела година. Девојките преку тој венец треба да го гледаат изгревот на сонцето, за да бидат румени како него. Набраните билки се чуваат  како лек против разни болести.
Во винарските краеви на овој ден ништо не се работи. Се верува дека и до 7 дена после Иванден лозјата најубаво растат бидејќи ги чува Свети Јован.
Девојките кои не се мажени, на овој ден треба во саксија да насадат малку жито. На Петровден треба да погледнат дали никнало.
Ако никулците се како прстени, оваа есен сигурно ќе се омажат.
Во народот е обичај луѓето на Иванден да се збратимуваат и да стануваат кумови „од Бога и Свети Јован“.Во црковниот календар денешниот празник е обележан со црвено. Меѓу народот постојат многу верувања кои се поврзани со Иванден, скоро исто колку и з

Пронајдете не на следниве мрежи: