Денес христијаните го слават Велигден

Велигден, односно Пасха, е празник на Воскресението на Исус Христос  и значи премин. Воскресението Христово е празник над празниците и слава на Бога. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии.
Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од дамнешни времиња, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога се бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

 
Првите христијани и современици на апостолите започнале со бојадисувањето на јајца и ги подарувале на Велигден, поздравувајќи се со: Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!
Таквиот начин на поздравување е потврда дека двајцата ја искажуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во нашата религија.
Црвената боја значи победа. Таа симболизира дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.
Марија Магдалена веднаш по Христовото вознесение (Спасовден), го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.
Во Рим таа се сретнала со римскиот император Тивериј. На средбата, таа на царот му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе!Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии.

Пронајдете не на следниве мрежи: