Денес се одбележува светскиот ден на програмерите!

Честит празник на сите програмери!Денес во повеќе земји на светот се одбележува интернационалниот ден на програмерите.
Тринаесетти септември  е 256-тиот ден во годината и секоја година се одбележува на овој датум, освен во престапните години, кога денот на програмерите е 12-ти септември. Бројот 256 не е случајно одбран – тоа е всушност единствена вредност која може да се претстави со осумбитен бајт.
Овој датум бил предложен од Валентин Балт и Мајкл Червиаков, двајца програмери кои во 2002-aта година собирале потписи за 13-ти септември официјално да се признае во Русија. Ова беше одобрено во 2009-ата, од претседателот на Русија – Димитри Медведев. Додека во Русија е официјален „празник“, овој ден се одбележува неофицијално во повеќе држави во светот.
Па, што чекате, доколку во близина ви се наоѓа некој програмер – честитајте му! Повеќе од јасно е дека ќе ни недостасуваа многу  работи да не постоеше оваа професија, која патем е е една од посакуваните и најплатените професии за оваа година.
Честит празник на сите програмери!Денес во повеќе земји на светот се одбележува интернационалниот ден на програмерите.

Пронајдете не на следниве мрежи: