Денес се Свети врачи: Ако ја изговорите ОВАА молитва, ќе се ослободите од секоја физичка и психичка болка

Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан.Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.
Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…
Меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан. Овој празник меѓу народот е познат како Свети врачи или едноставно како Световрача. Зборот врач (враж) и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значи лекар.
Овие свети браќа, Господови исцелители освен за време на животот се прославиле и после смртта. Имено кога на некој човек при спиењето му влегла змија низ устата и кога му се заканувала сигурна смрт се спасил со тоа што во претсмртната агонија ги повикал св. Кузман и Дамјан. И така Господ и по смртта ги прославил тие што го славеле во текот на целиот свој живот…

 

Денешниот ден според верувањето на народот е добар за молитва за оздравување. Постои и верување дека денес без некоја потреба не треба да се излегува од дома.
На врач според верувањето не треба да се работи на големи висини.
Во коментар напишете ни дали сте слушнале некој болен човек да оздрави на Св. Врачи и дали практикувате молитва за оздравување на денешен ден.
 Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле

Пронајдете не на следниве мрежи: