среда, 11 ноември 2026
Најново

Денес сите македонски води се богојавленски води

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев испрати честитка до граѓаните по повод денешниот празник.„Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Водици.
На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог-Создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни поврзани со облагородување на душата и прочистување на срцето. За оваа цел, Бог се јави и го испрати нашиот спасител Исус да се покрсти и да ни го покаже патот на благочестивоста и на искрената заедница со нашиот Бог.
Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот. Да си посакаме Божја благодет, мудрост, сила и поткрепа да правиме добри дела, да гледаме напред, да се сакаме и почитуваме, да и помогнеме на нашата земја да ги надмине сите препреки пред кои е исправена и да продолжи да чекори напред, силно и достоинствено, решително и одлучно, во интерес на подобриот живот на сите граѓани на Република Македонија.
Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник !
БОГ СЕ ЈАВИ !
НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“.„Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Вам лично, на Вашето свештенство и мо

Поврзани вести