сабота, 28 ноември 2026
Најново

Денеска истекува крајниот рок за пријавување на штетите од поплавите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска истекува крајниот рок што го определи Владата за пријавување на настанатите штети на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.Сите лица од овие населени места кои се уште ги немаат пријавено штетите од поплавите, денеска заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или, пак, во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово.
На барање на оштетените граѓани, Владата веќе еднаш го пролонгираше крајниот рок за пријавување на штетите од поплавите.Сите лица од овие населени места кои се уште ги немаат пријавено штетите од поплавите, денеска заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот

Поврзани вести