„Дениција“ – Петре М. Андреевски

Петре Мито Андреевски (25 јуни 1934 – Слоештица, 25 септември 2006 – Скопје) – македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. 
Стихозбирката „Дениција“ или циклусот песни за Дениција по многу нешта е различен и специфичен. Основниот мотив е љубовта кон жената – Дениција (име кое асоцира на ѕвездата Деница – на светлина, плодност, убавина), но и љубовта во други облици, а особено кон татковината. Освен тоа, во песните се измешани и фолклорни и митски мотиви. Читајќи ги песните се воодушевуваме од чистата и голема љубов кон Дениција, за која поетот е подготвен да даде се за да опстане. Преточувајќи ја таа љубов во родољубиво чувство, на моменти не сме сигурни што е Дениција: жена или татковина.
„Кога ја љубев Дениција“ е песна во која поетот се чувствува безвремено и бестежински – тоа е врв на неговата љубов.
 
„Дениција“ – Петре М. Андреевски
Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.
 
Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.
 
Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.
 
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знеав како би умрел,
ако таа не се родеше.
 
Стихозбирката „Дениција“ или циклусот песни за Дениција по многу нешта е различен и специфичен. Основниот мотив е љубовт

Пронајдете не на следниве мрежи: