„Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“ во НУБ „Св. Климент Охридски“ -Скопје

На 15 и 16 ноември 2016 г. (вторник и среда) во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи манифестацијата „Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“.Во рамки на дводневната манифестација што НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ја организира заедно со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија, ќе се одржат следните активности: потпишување нов Договор за соработка меѓу двете библиотеки, изложба на книги преведени од бугарски на македонски јазик во последните две и пол децении, книжевна средба со три современи бугарски авторки и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“.
Од НУБ „Св. Климент Охридски“ истакнуваат: „Со овој настан сакаме да иницираме продлабочување на книжевните врски и запознавање на македонската јавност со книжевните достигнувања на авторите од Бугарија. Покрај тоа, со конкретна комуникација да го поддржиме меѓусебното приближување, размената и преводот на врвни книжевни дела, како и отворањето нови можности за уште поголема културна соработка“.
На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат д-р Иван К. Заров и д-р Красимира Александрова, директори на двете национални библиотеки и Н.Е. г. Иван Петков, амбасадор на Р. Бугарија во Р. Македонија. На книжевната средба извадоци од своите дела ќе читаат почитуваните гости од Бугарија, Силвија Томова, Вања Аврамова и Поли Муканова, а осврт за бугарската книжевност ќе има поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски. Трибината на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“ ќе биде отворена за сите заинтересирани, а ќе учествуваат писатели, преведувачи, издавачи и други.
Манифестацијата се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.Во рамки на дводневната манифестација што НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ја организира заедно со Националната библиотека „Св

Пронајдете не на следниве мрежи: