Денови на светската книжевност во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, осврт на американската книжевност

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, продолжува со серијата настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата. НУБ „Св. Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје ве покануваат на вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“, насловен „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“, кој ќе се одржи денес (29.2.2016 г./понеделник) со почеток во 13 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ
Осврт за американската книжевност ќе има Вера Сотировска која ќе се фокусира на важноста на читањето и развивањето на имагинацијата преку расказите на Бредбери. Реј Бредбери се вбројува меѓу класиците на американската научно-фантастична книжевност. Негови најпознати дела се култниот роман „Фаренхајт 451“, делото „Марсовските хроники“ и други. 
Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од американските писатели преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“. 
Во текот на целата 2016 година во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации. 
Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации, како од афирмирани и етаблирани писатели, така и од млади автори. 
Следни планирани настани што ќе се одржат во март се Ден на читателот и претставување на унгарската книжевност. 
  НУБ „Св. Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје ве покануваат на вториот настан од серијата „Денови на светската

Пронајдете не на следниве мрежи: