Депресијата поинаку се одразува кај мажите

Уморни сте и раздразнети во текот на целиот ден? Изгубивте интерес за работата, семејството и омиленото хоби? Имате проблем со спиењето, се чувствувате бескорисно или тажно долг период на време?Ако навистина е така, тогаш сте во депресија.
Секој се чувствува тажно, понекогаш нервознo или има проблеми со спиењето од време на време. Овие problemi поминуваат по неколку дена. Кога сме во депресија, чувствуваме проблеми при извршувањето на секоја активност од секојдневниот живот и губиме интерес кон сè со недели, месеци, па дури и години.
И мажите и жените се подложни кон депресивни состојби. Посилниот пол ја доживува таа состојба поинаку. Мажите се со поголема веројатност да се чувствуваат уморни и да губат интерес кон својата работа, семејство или хоби од дамите. И иако жените во состојба на депресија се повеќе склони кон обид за самоубиство, резултатите покажуваат дека смрт од самоубиство е почеста кај мажите со депресија.
Барањето на помош за проблемите сепак не е од типичните навики кај мажите. И токму недостатокот на комуникација и желбата да ја откриваат болката се едни од најсериозните проблеми.
Депресијата е реална и излечива болест. Тоа може да влијае на секој, независно од возраста. Со соодветен третман секој маж може да закрепне од претходната состојба на одвивање на животот и да го врати интересот за тоа да води исполнет живот.
Кои се различните видови депресија?
Тешка депресија – се карактеризира со тешки симптоми кои ја спречуваат способноста на мажите да ја вршат својата работа, спиењето, нивната можност да перцепираат нови информации, да се хранат и да уживаат во повеќето аспекти на животот.
Дистимија – депресивна состојба со симптоми кои продолжуваат подолг временски период. (2 години или подолг период на време). Сепак, дистимијата се одвива полесно во споредба со тешката депресија.
Лесна депресија – се одвива слично на тешката депресија и дистимијата, но симптомите се полесни и не продолжува подолг временски период.
Кои можат да бидат знаци и симптоми кај мажите?
Различни луѓе имаат различни симптоми на депресија. Некои од нив вклучуваат:
1. Чувство на празнина и недостаток на расположение.
2. Чувство на безнадежност, раздразливост и анксиозност.
3. Губење на интерес за работата, семејството и некогаш пријатните активности, дури секс.
4. Чувство на замор, губење на можност за концентрација и можност за паметење на детали.
5. Кај некои мажи, депресијата ги поттикнува губење на можност за заспивање, а други пак ги прави занесени и поспани.
6. прејадување или безапетите.
7. мисли или обиди за самоубиство.
8. Болки, главоболка, грчеви или дигестивни проблеми.Ако навистина е така, тогаш сте во депресија.
Секој се чувствува тажно, понекогаш нервознo или има проблеми со спиењето од време на време.

Пронајдете не на следниве мрежи: