ДЕРМАТОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Гледањето серии го уништува тенот!

Секојдневната навика на дамите ширум светот, со шолја кафе на интернет да ја погледнат омилената серија, се покажа како неповолна за тенот!Имено, дерматолозите предупредуваат дека кожата сѐ памети и советуваат добро да го погледнете лицето во потрага по симптоми кои ќе покажат нездрави навики.
Можеби сакате по напорниот ден да се опуштите со неколку епизоди од омилената серија која ја гледате на лаптоп, но треба да знаете дека повеќечасовното гледање во мониторот е смртна пресуда за убавината.
Експертите велат дека светлината од компјутерските екрани и мобилните телефони продира длабоко во слоевите од кожата, ја оштетува, го намалува количеството на колаген и еластин кои се заслужни за цврстина и младешки изглед. Последиците се брчки и кожа што виси.
Од друга страна, луѓето кои пијат многу кафе, имаат поинакви симптоми. Најтипични се сува и дехидрирана кожа, бидејќи кофеинот е диуретик и ја извлекува водата од клетките. Не е исклучена и појавата на црвенило и чувствителност на кожата.
И одењето на работа ја прави кожата безживотна, сува, збрчкана, со можни дамки од сонце и депигментација. Причините се смогот, прашината и хемикалиите коишто влијаат со намалување на производството на колаген, затнување на порите и зголемување на бројот на бактерии.
Многу дерматолози тврдат дека загадувањето е дури поопасно од УВ зраците, што го илустрираат со податоци дека жените во градовите стареат десет отсто побрзо отколку жените во руралните средини.Имено, дерматолозите предупредуваат дека кожата сѐ памети и советуваат добро да го погледнете лицето во потрага по симптоми кои ќе покажат нездрави

Пронајдете не на следниве мрежи: