Десет цивили убиени во напад на НАТО во источен Авганистан

Десет цивили, меѓу кои и пет деца, се убиени во среда при воздушен напад на НАТО во источен Авганистан, соопштија локалните власти.Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди воздушниот напад во округот Шигал во покраината Кунар и ги повика властите да започнат истрага.Карзаи го повтори својот став, дека воздушните напади врз авганистански села не се решение во борбата против тероризмот.Портпаролот на Меѓународните безбедносни сили во Авганистан(ИСАФ) рече дека „со сериозност се регистрираат сите цивилни жртви и дека се спроведува истрага“.ИСАФ повторува дека последните години го намалил бројот на цивилни жртви и дека бунтовниците сега се одговорни за 84 отсто од сите убиени и ранети во Авганистан.Воздушниот напад е извршен речиси истовремено со говорот на американскиот претседател Барак Обама за состојбата со нацијата, во кој најави дека ќе повлече половина од американските војници од Авганистан.Во нападот се убиени и четворица талибани, а ранети се и пет цивили.
МакфаксДесет цивили, меѓу кои и пет деца, се убиени во среда пр

Пронајдете не на следниве мрежи: