Десет корисни „тајни“ опции во iOS 7

Новиот софтвер на Apple, iOS7 донесе многу новини за корисниците, но дел од нив, компанијата не ги најави помпезно, па останаа на некој начин тајни…
Искусните корисници веднаш забележаа дека некои работи во iOS 7 се поинакви од претходно, а особено се интересни опциите што Apple не ги истакнуваше многу во презентациите на новиот софтвер. Lifehacker пронајде неколку интересни опции кои навистина би можеле да го подобрат користењето на новиот систем, односно да го направат поедноставно и побрзо.
Бришење на податоците по погрешно внесена лозинка
Корисниците кои во својот iPhone имаат доверливи или важни лични податоци досега се штитеа со лозинките и PIN-кодовите, а во случај на кражба, ги бришеа податоците преку апликацијата Find My Phone.
Во iOS7, Apple вгради и дополнителна безбедносна опција, па сега корисниците можат да вклучат бришење на податоците ако лозинката 10 пати е погрешно внесена.
Опцијата се наоѓа во Settings>General>Passcode Lock. Ако е вклучен Erase Data, по 10 неуспешни обиди за отклучување на уредот, сите кориснички податоци ќе бидат автоматски избришани.

 

Автоматско спојување со познатите мрежи
iOS7 лесно овозможува спојување со познатите безжични мрежи. Корисниците не треба да прават ништо, туку уредот кога ќе ја открие мрежата што му е позната од претходно, автоматски ќе се спои со неа, без потреба од интервенција на корисникот.
Скриена либела
Имате чувство дека сликата на ѕидот ви е крива. Во компасот на iOS7 има скриено решение и за такви проблеми. На втората страница на апликацијата се крие либела која едноставно ќе покаже дали нешто е право или не.
Доволно е да го ставите телефонот до сликата и да израмнувате додека не покаже 0 степени.
Siri е вистинска секретарка
Освен што во iOS7 може да одберете дали сакате Siri да зборува со машки или женски глас, новата верзија на личниот асистент на Apple сега може да грижи и за телефонските повици. Ако сте пропуштиле некој важен број, едноставно кажете и на Siri да го сврти последниот број што ве барал.

 

Сокријте се од AirDrop
AirDrop им овозможува на корисниците на iOS 7 брзо да споделуваат документи со други корисници во близина. Но за тоа да биде возможно, корисникот мора да е видлив за останатите. За оние кои не сакаат секој да знае дека се во близина или дека користат AirDrop во моментот, постои можност за криење.
Во Control Center треба да ја најдете опцијата AirDrop и потоа да изберете дали сакате да ја исклучите целосно опцијата, како и дали да бидете видливи за сите или само за вашите контакти.
Ноќна верзија на навигацијата
Ако користите Apple Maps за навигација во текот на патувањето, веројатно ќе би смета светлината на екранот ако се стемни. на новиот iOS мапите станаа паметни, па во зависност од добата на денот ја прилагодуваат осветленоста на екранот. Таа е автоматски вклучена и можно е да се исклучи.
Повеќе на: GSM.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: