Десет начини со кои ќе го „истерате“ момчето од себе

Дали вашето момче ги игнорира вашите повици или му треба подолго време да ви одговори на пораката? Можно е да правите нешто погрешно, а за тоа ни самите да не сте свесни.1. Го обвинувате
Погрешното обвинување е најбрзиот начин да го истерате вашето момче од себе. Ако нон-стоп го прашувате каде е и со кого е , или зошто касни 20 минути, бидете сигурни дека наскоро ќе избега од вас.
2. Му досадувате
Дали во рок од еден саат три пати сте му рекле да направи нешто? Пример, да го изнесе ѓубрето или да ги измие садовите? Кога му досадувате го третирате како мало дете и доколку продолжите, тој едноставно ќе си отиде од вас.
3. Се споредувате со неговата бивша
Уште еден докажан начин да го избркате своето момче од себе е тоа да се споредувате со неговата бивша девојка. Поради прашањата „Дали е поубава од мене“ и „Дали сум подобра од неа во кревет“ тој ќе помисли дека не сте доволно зрела за врска.
4. Зборувате лошо за неговите пријатели
Момците се штитат едни со други, а неговите пријатели му се пријатели за цел живот. Можеби на вас не ви се допаѓаат, но тоа не е причина лошо да зборувате за нив. Тој сигурно нема да ги напушти неговите пријатели поради вас доколку продолжите тоа да го правите 
5. Не го почитувате неговото семејство
Кога е во прашање  семејството, момците би сториле се само да го заштитат. Доколку зборувате лошо за неговата фамилија или покажувате непочитување спрема некои членови, бидете сигурни дека наскоро ке останете „сингл“. 

6.Цел живот ви се врти околу него
Момците мразат кога вашиот живот се врти само околу нив. Имаат чуство дека со тоа ги гушите и не им давате простор. Со тоа покажувате само дека не сте доволно сигурни во себе. 
7. Секогаш превзимате иницијатива
Дали се мора да биде како што вие ќе кажете? Не бидете жена која стално планира се однапред вклучувајќи го и времето кое ќе го помине со партнерот.
8. Премногу сте емотивни
Момците не знаат да се снајдат со претерано емотивни жени. Ако вас ве погодува секоја можна ситница, тој ќе побегне од вас. Престанете да бидете премногу емотивни, тој незнае како да го поднесе тоа.
9. Не го почитувате
Никој не сака да се чувствува деградирано и  да биде „гледан од висина’ од страна на партнерот. Доколку му кажете дека е бескорисен, тој ќе најде жена која многу повеќе ќе го цени од вас.
10. Наметнувате брак
Ако е спремен за брак, тој ќе ве запроси. Немојте да го присилувате на тоа. Ако вие сте спремни за брак, не мора да значи дека е и тој. Момците знаат што сакаат и кого сакаат и ако го притискате, верувајте дека само ќе успеете да го изгубите.1. Го обвинувате
Погрешното обвинување е најбрзиот начин да го истерате вашето момче од себе. Ако нон-стоп го прашувате ка

Пронајдете не на следниве мрежи: