Дескоска ѝ сврте грб на Шеќеринска?

Рената Дескоска, членка на Извршниот одбор на СДСМ и заменик-претседателка на Собранието денеска ѝ сврти грб на својата сопартијка и потпретседателка во опозицискиот СДСМ Радмила Шеќеринска. Дескоска денеска одби да одговори на повикот на координаторот на СДСМ, Горан Сугарески да влезе во салата и да го поддржи договорот што го направи Шекеринска.Дескоска вчера попладне директно го оспори кредибилитетот и капацитетот на заменик- претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска откако не гласаше за измените на пржинските закони договорени меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и одби да влезе во салата и за да го поддржи договорот на Шекеринска.
Ваквиот судир во редовите на СДСМ доаѓа откако изминатиов период договорот на Шеќеринска претрпе силни критики од низа опозициски поддржувачи кои отворено застанаа против заменичката на Заев и упатија обинувања на нејзина сметка бидејќи сметаат дека договорот е поразителен за опозицијата.
Собранието во рамки на 113. седница ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.
Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.Дескоска вчера попладне директно го оспори кредибилитетот и капацитетот на заменик- претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска откако не гласаше за

Пронајдете не на следниве мрежи: