Дете генијалец со поголема ИНТЕЛИГЕНЦИЈА од Ајнштајн

Ова е неверојатна животна приказна за мајка која бескрајно го сакала своето дете и му овозможила да се развие, наспроти класичната медицина која веднаш го отпишала. Чудата се возможни.Се работи за Џејкоб Барнет, кого своевремено докторите го обележале со дијагноза АУТИЗАМ, кој денеска е можен кандидат за нобелова награда, со само дванаесет години. 
Како мал, на мајка му е соопштено дека нема да биде способен да си врзува патиките и е прашање колку ќе се развие. За да мајката не го прифати ова и започне да се бори со оваа дијагноза на свој начин. Таа одбила да му ја дава терапијата, односно таблетите кои со сигурност би го направиле „растение“ и го подложила на посебна програма. Му дозволила да прави тоа што сака да го прави.
Мајка му дури веќе има објавено и книга за нејзиното патешествие со детето дијагностицирано со аутизам. Тој по дијагнозата и започнувањето на „наметнатата “ програма се повлекуал се подлабоко во себе. Но мајка му забележала дека кога не е на терапија е подобар. За да се случи случка да по посетата на еден планетариум тој ги запамети сите небесни појави без никој да го учи, само од слушање на филмот и едно предавање. Имено, Џејкоб покажал неверојатна способност за теориите на физиката и движењето на планетите. Едноставно тоа го интересирало.
Кога прозборел тој веднаш зборувал 4 јазика. Мајка му тогаш сватила дека „специјалното образование“ можело целосно да го уништи и дека на него му е потребно сосема поинаков пристап. Затоа го испишала од програмата и почнала да го меша со сосема нормални деца. Бил опкружен со работи што него го интересирале и со љубов. 
Денеска Џејкоб има коефициент на интелигенција 170, што е повеќе од коефициентот на Ајнштајн. И работи на сопствена теорија на релативитетот. Професор од Принстон вели, дека доколку биде разработена и решена, е добра основа за добивање на Нобелова награда. 
Денеска за Џејкоб куќата Варнер Броз ги има правата за снимање на филм, а тој многу патува заедно со мајка му, за да ја промовираат нејзината книга која опишува како таа се справила со овој голем проблем.
Во продолжение и видео од настапот на Џејкоб на ТЕД конференцијата. Вреди да се погледне. Се работи за Џејкоб Барнет, кого своевремено докторите го обележале со дијагноза АУТИЗАМ, кој денеска е можен кандидат

Пронајдете не на следниве мрежи: