Девојка криела кокаин во вештачки стомак за бременост

Девојка од Канада е уапсена откако во нејзиниот лажен стомак за бременост се обидела да шверцува кокаин. Инцидентот се случил на аеродромот во Богота, кога оваа 28 годишна девојка се обидела да шверцува кокаин во лажен стомак. 
Таа е уапсена по интервенција на една од полицајките на аеродромот, која не сомневајќи се ја прашала Канаѓанката колку долго е бремена. Кога оваа грубо одбила да и одговори, жената во униформа ја допрела по стомакот и тогаш се изненадила колку е тој тврд, но и студен.
Канаѓанката тогаш почнала да ја уверува полицајката дека е бремена во седми месец и дека сака што е можно побрзо да си оди дома, но полицијата се заинтересирала за жената и побарала таа да биде претресена.
При проверката е утврдено дека туристката од Канада е лажно бремена, како и дека во вешто направениот стомак имало скриено 2,5 килограми кокаин.
Жената чиј идентитет не е откриен, е уапсена во моментот кога се подготвувала да влезе во авионот на летот за Торонто. Таа допатувала во Колумбија, на почетокот од август. Инцидентот се случил на аеродромот во Богота, кога оваа 28 годишна девојка се обидела да шверцува кокаин во лажен стомак. 
Таа е уапсе

Пронајдете не на следниве мрежи: