Девојки внимавајте: Знаци кои покажуваат дека е заљубен во својата другарка

Колку пати сте чуле: „Ајде не драматизирај, таа ми е само другарка“? Еве како да откриете да ли ве лаже или не.1. Слушајте го внатрешното чувство
Момците се склони кон заљубување во своите најдобри пријателки, но ретко се спремни тоа да го признаат. Ако „нешто од стомакот“ ви вели дека неговата најдобра другарка не е само тоа, тогаш веројатно сте во право. Обидете се да позборувате со него за тоа.
2. Постојано зборува за неа
Ако и во најобичен разговор вашиот дечко неколку пати го споменува името на својата најдобра другарка, тогаш дефинитивно не се „на чисто“.
3. Таа е најдобра во се
Кога сте сите тројца заедно и зборувате за некои незаборавни случувања, а вашето момче постојано е на нејзина страна, велејќи дека секогаш е во право, јасно е дека сака да и покаже колку му е важна. А каде сте вие тука?

 
4. Ве споредува вас со неа
„Мојата најдобра другарка, готви подобро од тебе“, „Таа сега би дошла на фудбалскиот натпревар со мене, а ти се жалиш дека те боли стомак,“ „Таа купи преубав фустан, супер изгледа во него, а ти постојано носиш фармерки и маички“…Овие реченици се доволни за да дознаете: Тој е заљубен во својата другарка.
5. Непријатно ви е кога сте во негово друштво
Женската интуиција ретко умее да излаже. Ако сите тројца сте излегле во град, и тие двајца лудо се забавуваат, а вие се чувствувате како „третото прасе“ време е да сфатите кој е во таа приказна добитник а кој губитник. Побарајте друго момче.
6. Таа му е најважна
Одговара на нејзините СМС пораки додека сте заедно, не пропушта да одговори ниту на еден нејзин повик и додека разменувате нежности, и праќа фотографии преку мобилен каде и да се наоѓа,…Јасно е која е во неговата глава вистинска принцеза, а не „само најдобра другарка“.1. Слушајте го внатрешното чувство
Момците се склони кон заљубување во своите најдобри пријателки, но ретко се спремни тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: