Дежурните екипи на „Македонија пат“ ја одржуваат проодноста на сите патни правци

Дежурните екипи на „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Од „Македонија пат“ со препорака до сите учесници во сообраќајот, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината според условите на патот.Поради снежни врнежи забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на патните правци Маврово – Дебар, Стража Попова Шапка и Пресека.
За автобуси пак само на патот Тетово, Попова Шапка, соопштија од АМСМ.
Од таму препорачуваат без поголема потреба да не се патува во западниот дел од државата, а потсетува и на законската обврска  за носење на зимиска опрема.Поради снежни врнежи забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на патните правци Маврово – Дебар, Стража Попова Шапка и Пресека

Пронајдете не на следниве мрежи: