Џифони Македонија со полна пареа кон второто издание!

Џифони Македонија со задоволство го најавува второто македонско издание на најголемиот Филмски Фестивал за Млади во светот. По огромниот успех на првото издание на Џифони Македонија, Филмскиот Фестивал за Млади, во 2013та година, тимот на Џифони Македонија ќе ги спои светските крстопати во Скопје со второто издание под слоганот “ Crossroads “.Џифони фестивалот ( Giffoni Experience ) кој започна во Италија пред 44 години, го имаме во Македонија веќе втора година како резултат на енергијата на тимот на Џифони Македонија, на чело со извршниот директор Елена Величковска Николовска, заедно со Агенцијата за Филм на РМ и поддршката на Министерството за Култура, Министерството за Образование и Наука, Град копје, Општина Карпош и Италијанската Амбасада во Скопје.

Фестивалот ќе се одржи во периодот од 8-12 Октомври на повеќе локации во Скопје, меѓу кои МКЦ, Кинотека на Македонија и Кино Милениум. Џифони Македонија ќе биде домаќин на преку 500 деца и млади, кои освен како учесници ќе бидат дел од локалното и меѓународно жири составено од преку 10тина земји, вклучувајќи ги Италија ( со Сардинија и Кампанија ), Романија, Грузија, Србија, Хрватска, Грција, Албанија, Русија и Бугарија.

Покрај проекции на филмови во официјалната селекција, Џифони Македонија на младите им нуди и повеќе од искуство преку забава, креативни работилници, запознавање со познати македонски актери на нашиот ” Зелен Тепих “, пријателства со целиот свет како и можноста од  блиску да го доживеат искуството на најголемиот Филмски Фестивал за Млади во светот GIFFONI Experience.Џифони фестивалот ( Giffoni Experience ) кој започна во Италија пред 44 години, го имаме во Македонија веќе втора година како резултат на енергијат

Пронајдете не на следниве мрежи: