ЏИХАДИСТИТЕ МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ СО СМРТ: „Ако одржиш новогодишен концерт, светот ќе го види твојот крвав труп“

Пејачот од Јамајака и реге ѕвездата Шон Пол, во средата прими закана со смрт во пресрет на неговиот новогодишен концерт кој би требало да се одржи на Малдивите.Заканата била изнесена во видео кое беше објавено на интернет, а групата која стои зад заканата, инаку џихадисти од Малдивите кои се поврзани со оние од Сирија, го предупредува пејачот да не доаѓа на Малдивите инаку „целиот свет ќе го види неговото запалено и во крв натопено тело“.
„Шон Пол е голем неверник“, стои во пораката.
Инаку, пејачот треба да одржи бесплатен концерт во главниот град Мале.
Тамошните медиуми пишуваат дека во видеото се гледа логото на групата Билад Ал Шам Медиа, која ја сочинуваат џихадисти од Малдивите, но и од Сирија. Пет припадници на групата досега загинале во војната во Сирија.
Менаџерскиот тим на пејачот сѐ уште не се огласи по повод изречената закана.
Заканата била изнесена во видео кое беше објавено на интернет, а групата која стои зад заканата, инаку џихадисти од Малдивите кои се поврзани со он

Пронајдете не на следниве мрежи: