Дијамантско Лидерство

Нова Книга достапна за читателите заинтересирани за трансформација на себе, бизнисот и општеството.
На Саемот на Книгата од 12 до 18 Април, ексклузивно на штандот на ТАБЕРНАКУЛ.Лидерите ширум светот си ги поставуваат прашањата:
Како лидерството во организацијата го ослободува креативниот потенцијал на вработените?
Како организациската култура влијае на нашата продуктивност, иновативноста и перформансите во целина?
Колкава е цената, кога стратегиите и активностите во нашата организација “се” или “не се” поддржани од однесувањата и вредностите на лидерите?
Како да создадеме кохезивна организација и култура на иновативност?
Ова книга е создадена од вистинско практично искуство. 
Нејзината мисија е во создавање на македонско општество кое ќе се одликува со исклучителни вредности и однесувања во националната култура. Ова, ќе овозможи услови за ослободување на креативниот потенцијал и иновативноста на нашите граѓани, како и врвни перформанси и резултати во функционирањето на институциите и бизнисите – на сите полиња, од спорт и култура, па сe до политика, економија и глобално лидерство.
Овој процес треба да ја претвори Македонија од третолигаш во мотивиран, продуктивен, иновативен и инспиративен лидерски тим, од првата светска лига. Од општество што моментално се карактеризира со ниска национална усогласеност и слаби социоекономски резултати, во елегантен и брз економски и лидерски глисер.
Што ќе прочитате и дознаете во неа?
Како лидерите создаваат услови за ослободување на колективниот потенцијал,  иновацијата и продуктивноста во организацијата?
Како да ги откриете и измерите вистинските вредности на лидерот и лидерскиот тим?
Како да ги намалите штетните однесувања и лимитирачките вредности кои го јадат вашиот труд и профит?
Како да создадете кохезивна организација во која стратегијата е поддржана од културата и однесувањата на луѓето?
За кого е наменета?
За менаџери и специјалисти по човечки ресурси, консултанти за промени и организациски развој, коучеви претприемачи, едукатори, фацилитатори и обучувачи. Ова е книга за секој од вас кој е лидер во својата заедница, организација или тим. За секој кој гради еко системи и верува дека трансформацијата на себе, биснисот и општеството е вистинскиот пат.Лидерите ширум светот си ги поставуваат прашањата:
Како лидерството во организацијата го ослободува креативниот потенцијал на врабо

Пронајдете не на следниве мрежи: