ДИК го утврди бројот на гласачи од дијаспората

По листите на СДПМ, ДИК ги отфрли и предложените кандидати од НДМ. Со образложение дека се со низа неправилности надвор од изборната трка се седум листи на партијата на Јанко Бачев.Низа реакции и негирања пристигнаа од неговата партија. Бачев обвини дека оваа одлука на ДИК се должи на правна неписменост на членовите или на партиска директива да одлучат според логиката на политиката, а не според правото.
Според ДИК, партијата на Бачев за четвртата изборна единица предложил 21 наместо 20 кандидати и во седмата наместо три предложени биле четири кандидати од кои за еден не било доставено државјанство и лични документи, а истиот не бил ниту регистриран во изборниот список. 
До истекот на рокот во ДИК беа поднесени кандидатски листи од 12 коалиции и партии. По одлуката да се отфлат две партии од изборната трка, граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу 10 партии и коалиции. За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата за промени и правда, опозициската коалиција предводена од СДСМ, ВМРО за Македонија, Алијанса за Албанците со движењето за реформи ДПА, УНИТЕТИ и НДР, и партиите ДУИ, ДПА ПДП, ЛП, Левица и БЕСА.  
Партијата на Јанко Бачев НДМ има право во рок од 24 часа пред Управен суд да ја обжали одлуката на Комисијата.
Утврден е и бројот на гласачи од дијаспората. Од вкупно 21 029 поднесени пријави, на 11 декември со својот глас ќе одлучуваат и 20 591 граѓанин од дијаспората. Гласањето ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларни претставништва на РМ во странство.
Свои кандидати имат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО за Македонија и ДУИ.
Над 4 000 граѓани за гласање се пријавиле во Берн и над 3 000 во Венеција Италија, каде ДИК информираше дека ќе бидат отворени дополнителни избирачки места. Со над илјада пријавени во дијаспората има и во Детроит и Њујорк, САД, во Мелбурн, Австралија, и во италијанскиот главен град Рим.
На претстојните предвремени парламентарни избори за првпат гласачко место ќе биде отворено и во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.Низа реакции и негирања пристигнаа од неговата партија. Бачев обвини дека оваа одлука на ДИК се должи на правна неписменост на членовите или на пар

Пронајдете не на следниве мрежи: