ДИК ќе го објави списокот со спорни гласачи

Државната изборна комисија денеска или утре на виделина ќе ги стави гласачите кои ги оспорува опозициската СДСМ.Според договорот кој беше постигнат минатата среда, ДИК ќе го објави списокот со спорните гласачи кои ќе треба да бидат дополнително проверени. Ќе се проверуваат 39.502 спорни гласачи кои ќе мораат да го потврдат своето гласачко право.
Од ДИК велат дека покрај нивните регионални канцеларии, ќе се користат и канцелариите на општините со цел што повеќе луѓе да имаат можност да се пријават. Се планира и да им се испраќаат и писма со име и презиме на адресите на сомнителните гласачи со цел тие да бидат информирани дека треба да го потврдат своето гласачко право, пишува Телеграф.
Исто така, првпат на посебен извод на Избирачкиот список ќе се стават 171.500 гласачи за кои се претпоставува дека подолг рок живеат во странство.Според договорот кој беше постигнат минатата среда, ДИК ќе го објави списокот со спорните гласачи кои ќе треба да бидат дополнително проверени. Ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: