Димитриев упати честитка по повод Божиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.-Дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик. Божик е денот кој е симбол на љубовта Божја кон луѓето. Преку блеснувањето на ѕвездата на небото над Витлеем пред повеќе од два милениума, Бог го обзнани нашето спасение на земјата. Со раѓањето на Исус Христос, Бог ја обзнани неговата безусловност со која тој отвора место за секого во неговото царство и со широко отворени раце го прима нашиот род под своја закрила. Да се радуваме на таквото спасение, да го следиме нашиот Бог, да чекориме по патот и проповедите на Исус Христос и вечно да бидеме благодарни за таквата љубов со која сме заштитени, се вели во честитката од Димитриев.
Вредностите кои ги симболизира овој празник, се додава, да ни дадат сила на сите нас да продолжиме со работа во интерес на народот, да го подобруваме секојдневието на сите граѓани, да обезбедуваме раст и развој на економијата и подобрување на стандардот на населението, да продолжиме со развој на општество и култура на меѓусебно почитување, меѓусебна толеранција и взаемна соработка, и со развој на можностите во секоја општествена сфера, со цел понатамошни успеси на Република Македонија.
– На овој голем ден нека нашите срца бидат исполнети со среќа и радост, а нашите домови со мир и спокој. Божик е ден кој секоја година нè потсетува да ги отвориме срцата и душите, да го примиме дарот од Бога и секојдневно низ нашите дела тој дар да го возвраќаме. Нека е за многу години христијанскиот празник – Божик, Христос се роди, се нагласува во честитката од Димитриев по повод Божик до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите православни вернци.-Дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како

Пронајдете не на следниве мрежи: