Димитров: Македонизмот се потпира врз историски лаги

Македонизмот се повторува низ историјата и стопроцентно се потпира врз историски лаги, изјави во телефонски разговор во ОКО на ТВ НОВА, Божидар Димитров, еден од најгласните негатори на македонското постоење, актуелен директор на бугарскиот национален историски музеј.„Тоа се лаги кои немаат ништо заедничко со историјата воопшто и оттука натаму со кражбата на историски факти дека Самоил е Македонски Цар, или Илинденското Востание е Македонско и Бугарија нема никаков удел во него, тогаш природно, полека започнува ерозија на Македонизмот. Македонските деца, па потоа и македонските граѓани, ќе научат дека тоа се лаги кои тие ги учеле и некој им ги кажувал“, изјави Димитров.
Во однос на македонскиот народ и јазикот, Димитров вели дека Бугарија не ги негира, меѓутоа според него смешно е да се бара од Бугарија да го признае јазикот, зашто тоа треба да го направат лигвистичките институти, а тие не го признаваат.
„Никој не го негира ниту постоењето на Македонскиот народ, ниту на неговиот јазик. Негирањето на јазикот не можат да го направат Владите, тоа е најсмешното нешто што го барате од нас – Бугарската Влада да го признае Македонскиот јазик, како Бугарската Влада да е лингвистички институт. Вредност по основа на таа тема имаат само таквите институти кои можат да кажат дали го има или го нема јазикот. Повеќе од нив велат дека го нема, Француската енциклопедија на лингвистика вели дека тој е идиом на бугарскиот јазик. Руската го вели истото. Што да направиме? Не може Бојко Борисов да се прави дека е лингвист. Тоа е смешно“, дециден е Димитров.„Тоа се лаги кои немаат ништо заедничко со историјата воопшто и оттука натаму со кражбата на историски факти дека Самоил е Македонски Цар, ил

Пронајдете не на следниве мрежи: