Димитров: Новото име на Македонија да биде југозападна Бугарија

Ако треба да зборуваме отворено, вистинското име на Македонија треба да биде југозападна Бугарија. Ова го изјави директорот на Националниот историски музеј (НМИ) проф. Божидар Димитров во врска со евентуалната промена на името на Македонија, пренесува „новини.бг“.Тој коментира за решеноста на Македонија да преговара со Грција за промена на името при евентуално членство во ЕУ и НАТО. Подетално, историчарот забележува дека Грците се во право, бидејќи Македонија е име на античка грчка држава и еден грчки народ. А и територијата на предметната античка грчка држава пред освојувањата на Филип Македонски и Александар Македонски е на територијата на денешна Грција околу Солун.
Во продолжение коментарот на Димитров:
„Предлагам да им помогнеме на Македонците да најдат име, бидејќи малото лукавство дека се согласуваат нивното име да биде поранешна југословенска Република Македонија нема да помине. Грција е цврсто убедена дека секое сложено име на државата, што го содржи зборот Македонија- Горна, Долна, Средна, Северна нема да помине. Името треба да биде сосема различно.
Предлагам историска референца за имињата кои ги носела територијата на денешна Република Македонија од антиката наваму. И така во антиката Македонија источно од Вардар го носела името Пеонија по името на племето Пеони кое живеело таму. Во Западна Македонија живеел и друг антички народ – Илири. Се тврди дека државата им се нарекувала Илирида или Дарданија. По создавањето на бугарската држава во македонската земја во 681 година од Хан Кубер нејзиното име беше Бугарија. Тоа често доведува до забуна за информациите кои се објавени од византиските хроничари за воени дејствија меѓу Бугарија и Византија. Тие се препишуваат на Дунавска Бугарија, иако изгледаат невозможни. Така во 688 година бугарски војници незабележано требало да тргнат од Стара Планина, да дојдат во околината на Серес и таму да ги разбијат византиските војски. Очигледно тоа е невозможно. По пристапувањето на оваа Втора бугарска држава кон Дунавска Бугарија, што според македонските археолози, како проф. Иван Никулчич станало во времето на Хан Крум во 812 – 813 година, а според наши археолози и историчари во времето на Хан Персивал во 837 година, овој дел на бугарските земји носел различни имиња. Во различни хроники се забележуваат имињата Долна Земја, Долна Мизија, Кутмичевица. Кога во 1018 година таа територија ја окупираат византиските војници и ја претвораат во административна област, која се нарекува тема ( “тема” е област) Бугарија.
Тема Македонија исто така има, и таа е во Источна Тракија, од Едрене до Константинопол. Во првите векови на османлиското владеење оваа земја продолжува да се нарекува Бугарија и од Турците и од странските автори. Крале Марко, кој е Србин, се нарекува бугарски крал, едноставно затоа што населението на државата му е бугарско. Дури во XVIII – XIX век европските хуманисти го враќаат античкото име Македонија и на овие простори. Нејзините граници се дефинирани сосема случајно. Така за источна граница на Македонија се прифаќа реката Места, која во Гоцеделчевската долина е широка десетина метри. Дали некој сериозно смета дека во селото на десниот брег на реката живеат Македонци, а на левиот брег на десет метри растојание – Бугари. Смешно.
Ако треба да зборуваме отворено, вистинското име на новата држава треба да биде југозападна Бугарија. Во светлината на храброто кажување на премиерот Зоран Заев дека Бугарите и Македонците се еден народ, редно е македонските политички елити да го изберат тоа име, а ние да помогнеме.“Тој коментира за решеноста на Македонија да преговара со Грција за промена на името при евентуално членство во ЕУ и НАТО. Подетално, историчарот за

Пронајдете не на следниве мрежи: