четврток, 26 ноември 2026
Најново

Димовски до Хан: Пред неколку дена изјавивте дека нема да се мешате, а сега кажувате на кого треба Иванов да го даде мандатот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

XГосподине Хан, пред само десет дена во Скопје јавно кажавте дека нема да се мешате, а сега објавувате на твитер дека Претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или оној…, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на својот ФБ профил.Дали тоа не е мешање? Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет? Велевте дека треба поширока поддршка на Владата, еве ја. Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и втор пат, одговорете, пишува Димовски.
Дали тоа не е мешање? Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот,

Поврзани вести