четврток, 26 ноември 2026
Најново

Димовски до Јанева: Според кои критериуми ангажирате експерти и колку точно разговори има СЈО?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Катица Јанева со своето присуство го повлече тоа дека не го признава Собранието. Таа не е прв обвинител кој во Собранието презентира извештај, секоја година обвинители презентираат извештаи, изјави пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.Димовски ја запраша Јанева како се одвива процесот за ангажирање експерти, дали и какви критериуми се користат за избор и дали има јавни огласи.
-Извештајот кој го поднесе мора да содржи описи на сите постапки кои се водат во СЈО, рече Димовски и праша за изјавата на Зоран Заев кога кажа дека е најприслушкуван.
Ако е така, рече Димовски, значи најголем број разговори се на Заев и македонската јавност смета дека СЈО заштитува една политичка партија.
-Како е возможно да има постапка против Талевски а да нема против Заев. Дали дозволивте јавноста да мисли дека сте пристрасни, бидејќи Струмица потрошила 3 пати повеќе средства од битола. Дали планирате граѓаните на Македонија да ги ставите на иста позиција ако знаеме дека градочалниците имаат исти обврски и еднакви обврски како граѓани на оваа држава. Поседување на незаконски стекнати разговори е кривично дело. Имаше една недела дискусија за тоа што е она што сте го добиле од Заев. Со 520.000 разговори во СЈО, Заев тврдеше дека има милион и 60 ијади доставено до СЈО, рече Димовски.
Димовски повторно праша колку точно разговори има СЈО и ако не се сите дали ги ги побарале да им се достават.Димовски ја запраша Јанева како се одвива процесот за ангажирање експерти, дали и какви критериуми се користат за избор и дали има јавни огласи.

Поврзани вести