Димовски: Источниот дел од Р. Македонија не е заборавен и нема да дозволи ниту Заев ниту било кој друг да му ја витка кичмата

Источниот дел од Р. Македонија не е заборавен од ВМРО-ДПМНЕ како што беше порано.  Во источна Македонија Владата вложи многу во изградба на капацитети, странски инвестиции. Порано не можеше да се помисли на автопат, експресни патишта, клиничка болница, универзитети во овој дел на Македонија, истакна вечерва во Пробиштип Илија Димовски, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија во ИЕ 3.– Овој дел од Македонија е кичмата која што никој не може да ја превитка. Овој дел е патриотскиот дел на Македонија кој што секогаш досега докажувал и ќе докаже дека ќе стои цврсто на браникот на Македонија . Затоа овие денови кога не убедуваат да размислиме дека е потребно да воведеме двојазичност и дека треба да го промениме нашиот устав, да го прошириме Охридскиот рамковен договор или да ја направиме Р. Македонија бинационална држава по моделот на Швајцарија со многу кантони и федерални единци, истокот на Македонија од секое село, од секој град упатува јасна порака: Истокот е обединет како никогаш досега во одбрана на суверенитетот, самостојноста и единственоста на Р. Македонија , рече Димовски.
Посочи дека нема човек во Македонија што на овие избори не треба два пати да размисли за кого ќе гласа,  затоа што, како што рече, овие избори не се за партии, овие избори се референдум за Македонија, за унитарноста на државата и за единството .
-Го слушавме Заев што ветуваше и за тоа траба цврсто да застанеме  и да се спротивставиме. Ние како народ немаме што повеќе да дадеме,  се што множеле да ни земат низ годините наназад ни земале. Ова е мало парче земја каде што сме успеале да направиме своја држава. Немаме намера да отстапиме заради тоа што немаме што повеќе да дадеме. Р. Македонија е држава која што ги исполнува највисоките европски стандарди во однос на правата на сите малцинства. Дај боже и сите наши околни држава да ги исполнуваат стандардите колку што ги исполнува Р. Македонија. Така целиот Балкан ќе беше подобро место за живеење, истакна Димовски.– Овој дел од Македонија е кичмата која што никој не може да ја превитка. Овој дел е патриотскиот дел на Македонија кој што секогаш досега до

Пронајдете не на следниве мрежи: