Димовски: Луѓето сакаат да заврши кризата и сакаат државата да се занимава со нивните потреби

Loading...

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денес оствари посета на Крива Паланка каде оствари средба со голем број на граѓани.Тој ги слушна барањата и потребите на граѓаните бидејќи, како што истакна, нивното решавање е секогаш дел од партиската програма.
-Никогаш сами не пишуваме програма за избори, секогаш тие програми ги пишуваме врз база на потребите на граѓаните. Најголем интерес на граѓаните е брзо завршување на кризата бидејќи 2 години живееме во време кога одредени политички структури сакаат да внесат хаос во Република Македонија, да внесат хистерија и немир меѓу граѓаните, па дури се обидоа да внесат и меѓумакедонски судир. Тука во Крива Паланка, никој тоа не го одобрува и не одобруваат некакви идеи за редефинирање на државата, промена на Уставот и двојазичност, рече Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ е концентриран на проекти и мерки кои ќе им помогнат на македонските граѓани.
-Луѓето сакаат да заврши кризата и сакаат државата да се занимава со нивните потреби и со нивните барања, заклучи Димовски.Тој ги слушна барањата и потребите на граѓаните бидејќи, како што истакна, нивното решавање е секогаш дел од партиската програма.
-Никогаш

loading...