четврток, 26 ноември 2026
Најново

Димовски: СДСМ сака да ја продолжи кризата затоа што знае дека ја нема поддршката од граѓаните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интензивно сме присутни во цела Македонија, целта ни е да разговараме директно со граѓаните за тоа во каква состојба се наоѓа Република Македонија и каде треба да се движи. Очигледно е со секој поминат ден дека има различен концепт, истакна денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по средбата која ја оствари со граѓаните од Пехчево.-Концептот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е оној кој значи стабилност на државата, зачувување на унитарниот карактер, на уставното име и националниот идентитет на Македонците. Стабилноста на државата значи и економски напредок, создавање на индустриски зони, помагање на домашното стопанство, вработувања за граѓаните. Од друга страна сме соочени со политичка структура предводена од СДСМ во која е таканаречената Шарена револуција, СЈО кои нудат само деструкција, конфликти и дестабилизација на државата и рушење на институциите, вели Димовски.
Тој додава дека граѓаните многу лесно ја согледувале разликата и знаеле во каква опасност СДСМ ја носи Република Македонија.
-Единствено со цел да се приграбат до пратеник повеќе, за оваа дестабилизација која ја приредија продолжи да трае и во иднина. СДСМ се обиде да го блокира и носењето на буџетот на Република Македонија со цел таа криза и финансиски да продолжи, да не можат да се делат пензиите, платите на војската, полицијата, вработените во здравствениот, образовниот сектор, да не се делат субвенциите…Нивната стратегија не е да дојдат на власт затоа што знаат дека граѓаните не ги поддржуваат, туку со разни деструктивни сценарија да ја продолжат кризната состојба, посочи Димовски.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека бараат масовна поддршка од граѓаните, бидејќи како што рече, единствена гаранција оваа криза да заврши е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да освојат целосно мнозинство во Собранието.-Концептот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е оној кој значи стабилност на државата, зачувување на унитарниот карактер, на уставното име и националниот идент

Поврзани вести