Димовски: СЈО и Јанева се само коалиционен партнер на СДСМ и ништо повеќе

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски откако Катица Јанева повторно во Собранието и пред пратениците го оспори нивниот легитимитет и ја навреди независната пратеничка Роза Топузовска Каревска, жестоко реагираше и побара извинување за изречените навреди или пак таа да даде неотповиклива оставка.-Морам да реагирам како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието на Република Македонија, на клеветата на која што и вие треба да реагирате за легитимитетот односно за немањето на легитимитет на ова Собрание. Изборите од 2014 година се спроведоа на близу 3000 избирачки места, без ниту еден приговор и со извештај на меѓународните институции кои што кажуваа дека тие избори се спроведоа според сите демократски стандарди. Нарушувањето на легитимитетот односно оспорувањето на легитимитетот на ова Собрание е оспорување на правото на 500 илјади гласачи кои што гласале за победничката партија, но исто така и близу 150 илјади гласачи кои што гласале за најголемата политичка партија која што ги претставува нашите сограѓани Албанци во Република Македонија. Во ова Собрание мнозинството е составено од 80 пратеници, мнозинство кое што скоро никогаш да го немало во изминатите 20 и неколку години. За било кој раководител на институции да ги искаже овие зборови треба да има потврдена ситуација. Г-ѓо Јанева дозволете ми да ви укажам, вашата улога е да искажувате сомнеж, а не да искажувате пресуди. Тоа е вашата улога и на вашите колешки. Можете вие да имате истражни постапки, можете да имате предистражни постапки, можете да имате и обвиненија. Конечната одлука дали правно сте во право ќе кажат судовите во Република Македонија. Бидејќи си дозволувате политички коментар, ќе ви кажам и вам и на СДСМ, граѓаните ќе ви кажат за два месеци колку ја ценат вашата работа, колку ја почитуваат вашата работа и дали вашата работа е исправна, рече Димовски.
Дополнително, тој по овој невиден преседан направен од страна на Катица Јанева потенцираше дека доколку Јанева не се извини, таа и институцијата која што ја води ќе бидат само коалиционен партнер на СДСМ и ништо повеќе.
-Жалам што институцијата е ставена во практично коалиција со СДСМ. Вашите коментари кон нас и кон Парламентот и кон колешката Топузовска Каревска, апсолутно потврдуваат дека вие не извршувате правна функција во Република Македонија, туку извршувате политичка функција и тука апсолутно немам никаква дилема. За другите работи околу грешките што ги направивте во приодите, за тоа дека само предистражните постапки се тајни, а всушност истражните постапки се тајни и тоа е според законот за кривична постапка, но вие кажавте поинаку. Но на тоа ќе се задржиме во текот на репликите. Ова е преседан, раководител на институција кој што е назначен во постапка спроведувана во Собранието да оспори легитимитет. Ве гледам и ве замолувам, доколку го мислите тоа што го кажавте да дадете оставка од функцијата што ја добивте, да ги вратите парите кои што Собранието ви ги овозможило и да  кажете дека законот што сме го донеле за вашата работа е нелегитимен. Доколку тоа го направите, јас ќе бидам првиот од пратениците што ќе дојде и ќе ви подаде рака и ќе ви честита. Во спротивно ќе важите како еден од коалиционите партнери на СДСМ, заврши Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.-Морам да реагирам како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието на Република Македонија, на клеветата на која што и вие треба да

Пронајдете не на следниве мрежи: