Димовски во Велес: 3.500 наши сограѓани минативе години добија работни места, инвестициите продолжуваат

Над 2.500 активисти на ВМРО-ДПМНЕ  ќе почнат со своите активности подготвителни за следната изборна кампања и целта ни е да имаме позитивна кампања, ќе зборуваме и за концептите и за иднината. Тие 2.500 активисти ќе бидат достапни за секој граѓанин, за разговор со секого за тоа што сме сработиле досега и да го понудат концептот што го имаме за во иднина, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во Велес.-Имаме намера да дојдеме до секој дом, да разговараме со секој граѓанин и оние кои што не поддржувале низ годините наназад, но имаме и намера да разговараме со неопределените граѓани или со граѓаните кои досега гласале за некоја друга политичка партија. Нас ни е намерата во Велес најмногу да зборуваме за економијата, животниот стандард, новите фабрики и отварањето на нови работни места. Би сакал да изразам огромно задоволство што изминатите неколку години покажавме значителни резултати во поглед на привлекување на странски инвестиции во нашиот град, знаете дека фабриката Маркарт има веќе над 315 вработени и бројката континуирано се очекува да расте во иднина. Но исто така сме запознаени и дека како некоја игра на судбината успеавме да донесеме странски инвестиции кои што ќе ги рестартираат трите затворени и пропаднати фабрики во време на минатите влади, изјави Димовски.
Тој исто така додава и дека  во мометов една позната групација е во фаза да започне на реконструкција на објектите на старата порцеланка, каде што очекуваме да се вработат околу илјада лица. Германската СГС Текстајлс е веќе влезена во Свиларе и веќе почна со вработување на една почетна бројка на работници кои го приготвуваат просторот и веќе носат машини и таа фабрика се очекува да вработи исто така околу 1000 луѓе.
-Фабриката Киро Ќучук исто така беше уништена од една од претходните  политички структури веќе вработува  поголем дел на луѓе и во секој момент се очекува да започне со производство на она што беше препознатливо за таа фабрика. Во моментов во Велес можеме да се пофалиме со четири нови странски инвестиции кои што ќе значат огромна бројка на нови работни места. Сите активни мерки кои што ги преземавме и како централна власт и како локална власт допринесоа во Велес бројката од над 15.000 невработени да е дупло намалена на 7.000, ние знаеме дека и тоа е се уште голема бројка, но со отварање на овие фабрики, а и со некои други заинтересирани странски инвестиции очекуваме во иднина оваа бројка драстично да биде намалена. Само за пример денеска во споредба со пред 10 години, над 3.500 наши сограѓани имаат плус работни места.  Велес низ историјата исто така сакам да кажам дека бил и ќе биде патриотски град, град кој што бил во срцето на Македонија и град кој што стоел секогаш во одбрана на државните и националните интереси на Република Македонија. Велес нема да дозволи ниту двојазичност, ниту редефинирање на уставното уредување на Република Македонија, нити виткање на кичмата и промена на идентитетот на Македонскиот народ. СДСМ на овие избори ќе ја добие најголемиот изборен пораз во нашиот град , изјави Димовски.-Имаме намера да дојдеме до секој дом, да разговараме со секој граѓанин и оние кои што не поддржувале низ годините наназад, но имаме и намера да ра

Пронајдете не на следниве мрежи: