Џиновски комарци летово ќе ја нападнат Флорида

Суперголеми комарци со големина на паричка, кои можат да каснуваат и преку облека, ќе извршат инвазија на Флорида ова лето, предупредуваат експертите.

Специјалниот вид на овие досадни инсекти, чии единки можат да бидат и до 20 пати поголеми од обичните, и кои претставуваат закана дури и за тигрестите комарци, е опишан како „исклучително агресивен”.
Заради фактот дека минатото лето положиле јајца, може повторно да се очекува нивна наезда, сметаат научниците, кои предупредуваат дека кога ќе настапи нивната сезона, треба да се носи облека со долги ракави и пантолони.
Но, се чини дека ниту оваа мерка нема да биде доволна, па се препорачува средство за растерување на комарците.
Psorofora ciliata или galiniper, има тело со должина од околу 1,2 сантиметри, шара слична на азискиот тигрест комарец, а распонот на крилјата му изнесува шест до седум милиметри.
Минатогодишните урагани донесоа голем број инсекти во централниот и јужниот дел на Флорида, каде што снеле јајца.
Каснуваат само женките, додека мажјаците се хранат со цветен нектар, но и со ларвите на другите комарци.
Makфакс
Суперголеми комарци со големина на паричка, кои можат да каснуваат и преку облека, ќе извршат

Пронајдете не на следниве мрежи: