Дипломатски скандал во ООН: Да не си се осмелил да ја навредуваш Русија

Претставникот на Москва на состанокот на Советот за безбедност на ОН му се спротивстави на британскиот колега користејќи изразито недипломатски јазик на седницата во пресрет на гласањето за сириската резолуција.Заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков побара од британскиот колега Метју Рајкрофт да не ја навредува Русија.
„Вие се исплашивте, не можете да заспиете затоа што ќе соработуваме со САД. Се плашите од тоа. Сите се плашите. Правите сѐ за да ја растурите таа соработка… Погледни ме, не го тргај погледот, што го тргаш погледот?“, му се обрати Сафронков на Рајкрофт, пренесува „Взгљад“.
Сафронков ги нарече навредливи барањата кои претставникот на Велика Британија ги истакна кон гарантите на примирјето во Сирија. Притоа само Обединетото Кралство, според претставникот на Русија, „им служи на интересите на вооружените групи од кои многу ги масакрираат христијаните и другите малцинства на Блискиот Исток“.
„Ти денеска зборуваше, господин Рајкрофт, не според агендата на заседанието, ги навредуваше Сирија, Иран, Турција, други држави. Господине претседател, една молба да внимавате на редот на седницата, доколку некои неодговорно, навредливо, употребувајќи сленг, се однесуваат спрема своето место во Советот за безбедност на ООН. Немој да си се осудил да ја навредуваш Русија повеќе!“, изјави Сафронков.
Пред тоа британскиот постојан претставник изјави дека Русија го „злоупотребува“ правото на вето во Советот за безбедност на ООН, бранејќи ја владата на Сирија.Заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков побара од британскиот колега Метју Рајкрофт да не ја навредува Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: