Discovery networks international на меѓународниот телевиски фестивал во Единбург ја претстави амбициозната листа на нови серијали

Loading...

 (ЕДИНБУРГ, ШКОТСКА, 26. август 2015) – На почетокот на меѓународниот телевизиски фестивал во Единбург, Фил Крег, извршниот потпретседател и главен креативен директор на Discovery Networks International, ја објави аквизицијата на неколку нови содржини и враќање на еден серијал кој ќе се прикажува на документарните и забавните канали на Discovery мрежата во повеќе од 220 земји и територии преку 2015 и 2016 година.“Discovery Networks International гради нови и динамични програмски целини и затоа низ целиот свет бараме приказни и личности кои ќе резонираат со нашата меѓународна публика”, изјави Крег. “Популарноста на науката која ги инспирира гледачите да поставуваат луди прашања, да тргнат на пат околу светот без пари, убавината и енергијата на пристаништето во Сиднеј, највозбудливите светски турбо супкултури и чудото на зачнувањe коe се случува секојдневно – се нови серијали на Discovery Networks кои ветуваат дека ќе ја задоволат љубопитноста на луѓето за извонредниот свет во кој живееме. Оддаваат свежина, иновативност и забава.”
Новите содржини на Discovery Networks International, под будното око на Крег, ги вклучува следните серијали:
FREE RIDE  (Пролет 2016)
Може ли да патувате низ светот притоа ослонувајќи се сами на својата итрина и љубезноста на странците? Еден човек мисли дека може. Авантурист, мајстор за преживување и еко ентузијаст Роб Гринфилд  тргнува на епско патување со доста интересен план – да патува преку Јужна Америка без пари. Него ќе го придружува и режисерот Џејмс Левил кој ќе го документира секој чекор од нивниот потфат. Од ценкање за кревет во Бразил до спиење под ѕвездите во Амазон, миење садови во ресторан за храна или возење во приколка – Роб (и Џејмс) се одлучни да успеат во својата намера. Соочени со јазични бариери, екстремни културни препукувања, силни бури, големи жештини и тешко проодни терени, ќе може ли Роб да убеди потполно непознати странци да му пружат помош?  FREE RIDE претставува одлучно и силно патување во непознатото.
FREE RIDE е серијал кој има 6 епизоди во траење од еден час, во продукција на Raw TV за Discovery Networks International, по нарачка на Елизабет Мекинтајр и помошните извршни продуценти Лиз Брах и Марион Хабермен. Извршни продуценти за Raw TV се Сем Мејнард и Ребека Норт.

DRIVING WILD (Пролет2016)
Цели 10 години, Марк ‘Елвис’ Пристли патувал низ светот како механичар на Формула 1 за Мекларен Рејсинг. Го применил своето знаење и стручност во еден од најмоќните, најскапите и внимателно изградени автомобили на светот. Бил и главен механичар во боксот каде тимот ја има остварено победата во 2008 година. Сега планира да тргне во потполно различен меѓународен предизвик.DRIVING WILD е средба на авантурата со инженерството, каде Елвис запознава извонредни авто култури низ светот кои го враќаат на основите. Но тој не е отиден само да гледа. Комбинирајќи го своето знаење од Ф1 со својата снаодливост и вештините во природа, Пристли ќе работи со бројни механичари за да откријат генијални измени на автомобилите додека се припремаат за високо-октанскиот предизвик. Патувајќи низ далечните краеви на светот, преку гужви и пренатрупани градови .DRIVING WILD ќе го следи Елвис додека работи во гаражите со колеги и автомобилски ентузијасти, трудејќи се да создаде и прилагоди уникатно возило додека се спремаат на неверојатен предизвик за возење на истото.DRIVING WILD е серијал од шест турбо епизоди кои траат еден час, а снимени се од Dragonfly за Discovery Networks International по нарачка на Елизабет Мекинтајр и помошните извршни продуценти Лиз Брах и Марион Хабермен. Извршен продуцент за Dragonfly е Клара Мотерсхед.

QUESTION EVERYTHING (Пролет 2016)
Бидете спремни да преиспитате сè што до сега мислевте дека знаете! Во науката, одговорите на едноставните прашања може да имаат длабоки импликации, бидејќи секој одговор не води подлабоко во зајачката дупка на интересни податоци. Во овој серијал, физичарот др. Дерек Мулер бара прашања за кои според некое врежано мислење нема одговор. QUESTION EVERYTHINGкористи експлозивни експерименти, улични акробации и фантастична графика која ни донесува визуелна смисла на броевите, а сето тоа за да создаде светови кои во реалноста неможе да се видат. За успешно да одговори на овие ”невозможни” прашања, Мулер ќе открие факти и информации релевантни за нашето секојдневие, од тоа како функционира Земјата до тоа како донесуваме одлуки. На крај, ќе видиме дека и самите прашања во себе кријат одговори. QUESTION EVERYTHINGе научен серијал од шест епизоди  кои траат еден час, а снимени се од Essential Media and Entertainment за Discovery Networks International по нарачка на Елизабет Мекинтајр и помошните извршни продуценти Лиз Брах и Марион Хабермен. Извршен продуцент за Essential Media and Entertainment се Ален Ерсон и Крис Хилтон.

SYDNEY HARBOUR UNCOVERED  (Есен 2016)
Најголемото светско природно пристаниште е локација која котира високо во желбите на секој патник. SYDNEY HARBOUR UNCOVEREDе без преседан документиран серијал со целосен пристап на ова пристаниште. Ги води гледачите позади завесите испреплетувајќи ги раскажувачите со филмската blue-chip техника на снимање. Пристаништето во Сиднеј е комплексна мрежа на бродови, туризам, индустрија, култура и трговија кое го посетуваат повеќе од 40 милиони посетители годишно. Тоа е навистина логистички предизвик за луѓето кои управуваат со него, а посебно за еден од главните ликови чија моќ, но и одговорност е голема- главниот капетан Фил Холидеј. Серијалот ни ја прикажува секојдневната напнатост и успесите на луѓето кои пристаништето си го нарекуваат “канцеларија”, додека се борат со меѓународните случувања кои носат милиони на пристаништето или се справуваат со драматичните временски услови кои се закануваат пристаништето да се затвори засекогаш. Откријте го еден од најубавите светски градови како никогаш до сега! SYDNEY HARBOUR UNCOVERED е документарен серијал од шест епизоди  кои траат еден час, а снимени се од WTFN за Discovery Networks International по нарачка на Хелен Ховкин и помошниот извршен продуцент Том Горам. Извршен продуцент за WTFN е Шон Гилмартин.
EXTRAORDINARY PREGNANCIES 2 (Пролет 2016)
Враќањетио на хит серијата EXTRAORDINARY PREGNANCIES ги следи неверојатните бремености кои се развивале во екстремни и необични околности. Серијата ги следи храбрите трудници додека жонглираат низ вообичаената возбуда и непредвидливоста на очекувањето на детето, но и кога се соочуваат со личните проблеми, болести или необичен начин на живот. EXTRAORDINARY PREGNANCIES дава на идните мајки приватни камери за од прва рака ја документираат радоста на мајчинството но, исто така и стресот кој станува дел од секојдневниот живот, кога станува збор за комплицирана бременост – од почетокот на бременоста до породувањето како и првите денови на нивните новороденчиња. Овие фасцинантни приказни нудат ексклузивен и личен увид во драматичните медицински настани и секојдневната подготовка за доведување на скапоцениот живот на светот. Втората сезона на серијалот EXTRAORDINARY PREGNANCIES, е од шест епизоди кои траат еден час, а снимени се од Curve Media за Discovery Networks International по нарачка на Сара Торнтон и помошните извршни продуценти Шарлот Рид и Марк Проктер .Извршен продуцент за Curve Media е Роб Кери.

FIRST HEARTBEAT (Есен 2015)
Овој специјален документарец ја  следи борбата на еден британски пар додека ги  пребродуваат последователните абортуси, со цел да успее мајката  да забремени и роди здраво дете. Во овој интимен документарец, Лиза и Дејвид Нанд ја отвораат табу темата за абортусот преку споделување на својата лични и потресна приказна за надминување на тага од дури пет абортуси и поминат контроверзен третман во обид да изградат свое семејство. Документарниот филм започнува со Лиза, телевизиски продуцент и презентер, додека седи во болницата и го лула нејзиното второ дете, новородено дете. Тогаш се враќа назад за да се следи патувањето на младиот пар до сегашниот момент – преку тестови за бременост, солзи, терапијата со лекови, и конечно успех. FIRST HEARTBEAT, е документарен филм од еден час, а снимен е од October Films за Discovery Networks International по нарачка на Сара Торнтон и помошниот извршен продуцент Марк Проктер. Извршни продуценти за October Films се Адам Булмор и Рут Пит.
За Discovery Communications
Discovery Communications (Nasdaq: DISCA, DISCB, DISCK) е светска број 1 платена ТВ мрежа со повеќе од 2,7 милијарди претплатници во повеќе од 220 земји и територии. Discovery е посветен на задоволувањето на човечката љубопитност и забава на гледачите со висококвалитетна содржина преку 210те светски канали во кои предводат Discovery Channel, TLC, Animal Planet, Discovery Investigation и Science, како и американската партнерска мрежа OWN: Oprah Winfrey Network. Discovery исто го контролира и Eurosport International, водечка забавно-спортска групација, која вклучува 6 платени ТВ мрежни брендови во Европа и Азија. Discovery е водечки провајдер и на образовни производи и услуги за училиштата, вклучувајќи ја наградуваната серија K-12 дигитални учебници, како и лидер во дигиталниот сегмент чие разновидно онлајн  портфолио го вклучува и Discovery Digital Networks. За повеќе информации молиме посетете го www.discoverycommunications.com
 “Discovery Networks International гради нови и динамични програмски целини и затоа низ целиот свет бараме приказни и личности кои ќе резонира

loading...
Loading...