Дискусија: Охрид пред колапс?!

Болит да гледаш кај што тонит својот град..
Сезоната помина и за секој еден помина на свој начин. За некој беше катастрофален, за друг можда беше најубав.. До 15ти септември ќе имат уште гости од Бенелукс ама тие се мала бројка.Според мене ова сезона беше најлоша во последните 15 години… Значит уште пред да почнит сезоната е отворивме дискусијата околу цените, ама како што знаеме то не е причината з`ш немат гости.
Порано (значит зборвам за 80ите години) имаше гости во Охрид ама најбитно имаше и работа… Емо, Застава, Лихнида, Отекс, Братство имаше работа..туристите биле за хотелите, приватен сектор речиши ич не постоеше во Охрид. Све се смена од 1991 натака, странски гости немаше појќе, ама од Мај до Септември Охрид вриеше со домашни гости. Од Охрид до Трпејца полно беше.. Секое собче издаено. Станови во Охрид немаше уште а сите фирми постепено се затворија, приватниот сектор беше бум. Дома секое собче беше реновирано за гостите налето..а посебно Пештани налето вриеше од гости.
Сега тој бум помина, Скопјаните си купија станови во Охрид а кључот си го даваат еден на друг. Еден Скопјанец да го дават кључот на 10 други и сите да седет по 10 дена во Охрид еден просечен Охриѓанец губит 1000 евра промет од неиздаен смештај…и сега напрај си своја математика колку Скопјани имаат свој стан во Охрид и на колку сограѓани му го даваат кључот. Ама си имаат право…
Шенгесниот зид си го напрај своето за Охрид, слободно патување низ Европа и животно да си, ќе сакаш да излезиш еднаш да видиш нешто друго.А за цените е крајна дискусија, цените во Охрид не се ништо поскапо од други туристички места, чак се најефтини во регионот… А разликата е што во Охрид мораме да испечалиме во рок од 3 месеци пари за цела година…а цените се за Охриѓани во Март исти како во Август.
Не воопшто не ме чудит што од Охрид најпојќе млади луѓе бегаат во странство, Охрид беше некогаш град со најубава иднина а сега остана последна во Македонија. Градежниот сектор е пред колапс, додека владееше Господинот Петрески во Охрид, се градеше на секое ќоше нова станбена зграда…првин се градеше зградата а сетне се мислеше за пат, вода, струја и канализација…дива лига.. а едно 70% од тие станови стојат празни. Работа имаше во градежниот сектор, приватно се матеше на големо… Ама сега се стави крај на градењето нови станови..со што и крај на работните места во овај сектор. Веќе се испуштаат работници а нова работа немат за нив. По хотеливе имат сезонска работа а од Октомври до Мај ќе си седиш дома, ако имаш среќа имаш стално решение и ќе земаш во тие месеци по 70%. Во Скопје се гради на големо, згради, фирми, трговски, споменици и незнам што друго а Охрид се заборај, во Охрид вазжит мотото “снајди се па живи..„
На Охрид моментално не му требит хотел од Субрата Рој, на Охрид му требат фирми од калибарот на Емо, Отекс и Застава… да работаш редовно, да земаш плата редовна и да се користи знаењето на младите во градов. Му требит добра стратегија на Охрид и по можност 365 дена во годината туристи. 
А се додека не се реализират све, ќе ме болит секој ден кај што го гледам градов кај што тонит поради лошите одлуки на други…
Извор. Ohrigani.mkСпоред мене ова сезона беше најлоша во последните 15 години… Значит уште пред да почнит сезоната е отворивме дискусијата околу цените, ама к

Пронајдете не на следниве мрежи: