недела, 29 ноември 2026
Најново

Дизајнирани комплети за секојдневна употреба – Изложба на студиото Преплет во Јавна соба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Креативното дизајн студио Преплет ја најавува својата нова изложба на дизајн производи во Јавна соба во Среда, 4. мај, со почеток од 21:00ч. Влезот за сите посетители е слободен.Новата колекцијата содржи ексклузивни комплети составени од неколку производи меѓусебно поврзани на една иста тема “комплети “,  комплет за љубители на патувања, комплет за љубители на книги, за љубители на кафе, на готвење и слично. Со новата колекција секој поединец може да си ја пронајде својата страст кон одредена работа и преку користење на комплетот да му се олесни секојдневието.
Перформансот во Јавна соба ќе трае од 21:00 до 22:00 часот и е помогнат од режисерката Билјана Радиноска, а во главнити улоги се појавуваат актерите Наташа Петровиќ, Јана Пауновска, Матеа Јанковска и Дарко Набаков. Посетителите со препознавање на својот карактер во еден од актерите ќе заклучат кој комплет е најсоодветен за нив.
Преплет е концептуално креативно студио основано во 2013г. од страна на дизајнерите Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска. Студиото креира производи кои содржат одредена порака испишана на македонски јазик и кирилица.
По промоцијата новата колекција на Преплет ќе биде на продажба во концепталната продавница во Јавна соба. Новата колекцијата содржи ексклузивни комплети составени од неколку производи меѓусебно поврзани на една иста тема “комплети &ldquo

Поврзани вести