Дневен хороскоп за 04.02.2014

Што ве очекува овој вторник?ОвенПолека си доаѓате на себе и се опоравувате од стресовите во претходните денови. Занимавањето со мистични и со психолошки теми претставува најдобар лек. Ако се обидете од некого да побарате помош, ќе бидете непријатно изненадени.БикМислите дека многу се трудите и дека давате повеќе отколку што ви се враќа. Поразговарајте со блиски луѓе. Ќе видите дека не сте во право. Опасноста на денот ве чека во вид на вирусни инфекции и финансиски губитоци. Не се знае што може повеќе да ве вознемири.БлизнациШансите поминаа. Ако не ги искористивте, тоа е ваш проблем. Да се надеваме дека, сепак, тоа го сторивте, па се вртите кон нови содржини. Ве чека заработка, но и трошење. На планот на финансии морате да се коригирате, бидејќи влеговте во фаза кога не може да се контролирате.

РакБлагодарејќи на вашата активност, ќе постигнете успех. Ќе бидете во можност да контактирате со Овен, па вооружете се со она што инаку и не ви е баш својствено – трпение. Бидејќи не се знае кој е од вас двајца поголем циција, однапред ќе се договорите за плаќањето.ЛавМоментално ви се остварува тоа што го започнавте пред неколку дена. Под услов да сте нашле вистинско решение, имате изгледи да испливате од проблемите и да ги завршите. Чувајте го здравјето, првенствено нервниот систем, бидејќи е прилично загрозен.ДевицаДали се дружите со Јарци? Дали им ја враќате самодовербата? Тие денес може да бидат од корист. Бидејќи имате зголемен апетит, обидете се да ги избегнете ситуациите што ве ставаат на проба. Дружењето со Водолии одложете го за извесно време.

ВагаОва баш и не е ваш ден. Опкружени сте со лаги и со измами од сите страни, или барем така мислите. Тука е уште и склоноста кон настинките – причината е пад на имунитетот. Не е ни чудо што се однесувате непрактично и што запаѓате во проблеми.СкорпијаВо ред и со работа го поминувате денот. Тоа, секако, не значи дека ќе стоите во редовите, туку дека ќе се однесувате по шаблон. Иако сите околу вас очекуваат да се промените, да ги шокирате, тоа нема да им појде од рака. Се плашите од промени. СтрелецНе ви се сите овци на број, а проблемите се крајно субјективни. Вие сте голем перфекционист и често го барате невозможното. Сите проблеми се однесуваат првенствено на психичката состојба. Незадоволството со себе е без основа.

ЈарецДоколку ги избегнете противречностите и доколку бидете доследни на ставовите, ќе избегнете расправии и законски спорови. Бидејќи настојувате да градите односи на доверба мислејќи дека тоа го прават и другите, можни се грешки и губитоци. ВодолијаМногу работа и нервози, но и исполнување на желбите. Што повеќе сакате? Со Стрелците остварувате многу плодна соработка, па, барем, со зборови дајте им до знаење. Во фаза сте на финансиска добивка, склоност кон уживање.РибиБидејќи сте напнати и незадоволни, размислете што конкретно направивте за да не дојде до тоа? Најверојатно ништо. Ситуацијата ви наложува да работите до макимум и да ја зголемите практичната компонента за да не отпливате во несакани води.ОвенПолека си доаѓате на себе и се опоравувате од стресовите во претходните денови. Занимавањето со мистични и со психолошки

Пронајдете не на следниве мрежи: