Дневен хороскоп за 04.03.2013

ОВЕН (21. III – 19. IV)
Поминете го денот во друштво на пријателите или саканата личност, направете план за заедничко дружење и вратете ја меѓусебната доверба, за да можете и понатаму да се носите со сите проблеми. Само на тој начин ќе го извлечете максимумот од денот кој би можел да биде многу добар за вас.
БИК (20. IV – 20. V)

Моменталните потешкотии не смеат да ви го попречат патот во остварувањето на долгорочните цели. Тоа што ве мачи во моментот е прашањето дали треба да жртвувате некои работи во својот живот, а нема едноставен одговор ниту постои некои кој може да ве советува во врска со тоа.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Многу романтичен ден за вас, па направете нешто ново, смело и важно, што ќе ве прероди и ќе ви покаже други пристапи на животот. Мечтаете за телесен допир, па пробајте некако да го изгаснете тој оган во вас, ослонувајќи се на инстинктите.
РАК (21. VI – 22. VII)

Мирен и сталожен ден, впрочем како и вие, па би можел да ви донесе зголемена желба да им помогнете на другите, па ќе слушате проблеми и ќе се обидете да најдете решение. Само внимавајте да не ветувате некои работи кои неможете да ги исполните.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денеска се ви е во главата, а срцето сте го потиснале во позадина. Притисокот би можел да се зголеми со некоја неочекувана посета, и лесно би можело да се случи поради тенките нерви, да се испразните на погрешна личност, па затоа длабокото вдишете и внимавајте во комуникацијата.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Осветата не е баш во ваш стил, но токму такви мисли ќе ви се вртат во глава денеска. Тоа ќе ви смета во секојдневните разговори, па затоа потрудете се добро да сослушате што всушност луѓето сакаат да ви кажат.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Отварањето на очите и умот, денеска би можеле да ве доведат до некои заклучоци кои ќе ви ја олеснат деловната ситуација, но со помош на некои личности и случувања. Немојте да се срамите, и кога ќе видите шанса, зграбете ја со двете раце.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Сакате да им се допаднете на останатите, и денешниот ден ќе го поминете правејќи го токму тоа на сите можни начини, од искажување на емоции, милно однесување и попуштање во разговорите до убавиот надворешен изглед. Немојте да се чудите ако некои луѓе ве гледаат чудно, затоа што вообичаено не се однесувате така.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Денешниот ден е добро да го искористите за кратка анализа на моменталната состојба на работа и во приватните односи, затоа што некои работи на тие два плана, премногу се измешале помеѓу себе, па така вие не сте сигурни на што, каде му е местото.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Обидете се да го поминете овој ден правејќи работи кои му одговараат на вашето срце и ум, сите дружења нека бидат со луѓето за кои навистина ви е грижа. Весел и приемчив став ќе ви донесе многу повеќе корист од надмоќниот и ладен став.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Користењето на моќите кои ги имате, во некои животни ситуации, би можеле многу да ви се допаднат, само внимавајте да не претерате. Немојте поради самата можност да управувате со нешто да ја изгубите од вид крајната цел, за да не се оддалечите од неа.
РИБИ (19. II – 20. III)

Затоа што сте природна личност која тешко работи и ги исполнува своите амбиции, не смеете да ги заборавите луѓето околу себе кои би можеле да ви помогнат за побрзо остварување на целите, па затоа потрудете се да изградите тимски дух и да ги инспирирате соработниците на дополнителна креативност.

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Пронајдете не на следниве мрежи: