Дневен хороскоп за 05.02.2014

Loading...

Дневен хороскоп за 05.02.2014Овен
Посакувате нешто силно, но нема да ви оди од рака така лесно да го добиете. Ова особено се однесува на љубовта и настојувањата партнерот да падне под ваша доминација. Потрудете се да се усогласите со партнерот, бидејќи сте на погрешен пат. Можни се настинки, внимавајте .
Бик
Денес ќе бидете видно расположени. Поседувате одлични потенцијали за изразување во сферата на љубовта, уметноста и општествениот живот. Преосетливи сте и тоа нема долго да ве држи. Многу сте емотивни, но обидете се да бидете умерени. Потребен ви е одмор на планина.
Близнаци
Близнаците ќе планираат некакво патување, а многумина од вас ги конкретизираат своите идеи. Ви се укажува идеална можност за истражување на потсвеста. Имате доста работа, затоа најдобро би било да тргнете во акција. Кога ќе завршите со обврските дозволете си релаксација во топла бања.

 
Рак
Пријателите ќе ги ставите во прв план. Најважно од се е да се чувствувате добро и да сте задоволни. Планирате идеите да ги спроведете на дело, бидејќи не сакате да седите со скрстени раце. Ви претстои службено патување, внимавајте, некој ќе се обиде да ве прелаже. Не потпаѓајте на провокации.
Лав
Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканото лице. Се чувствувате исполнето во домот, каде што и го поминувате најголемиот дел од денот. Најдобро е да бидете умерени во консумирањето слатки работи, за да не имате посериозни проблеми.
Девица
Некоја комуникација со странство која ви претстои ќе биде доста успешна. Не дозволувајте да бидете пасивни, бидејќи тоа не е ваша карактеристика. Ако немате на кого друг, најдобро би било својот талент да го покажете пред партнерот. Тој најдобро ве познава.

 
Вага
За вагите ова е идеален ден за љубов. Опкружени сте со лица кои ве сакаат и ве прават среќни. Штом се најдете во ваква атмосфера, станувате попустливи. Потрудете се да не претерате со алкохолот и цигарите, тие ќе ви наштетат на вашето здравје.
Скорпија
Денеска сте претерано чувствителни. Многумина од пријателите речиси и ги заборавивте. Не сте во можност да го забележите својот дел од одговорноста во меѓучовечките односи. Обрнете внимание на здравјето, појдете на преглед, не се чувствувате добро, а го занемарувате тој факт.
Стрелец
Размислувате на вистински начин и успешно се борите со сите проблеми. Имате застој во работата, но свесни сте дека набрзо ќе тргне. Се наближува периодот кога ќе постигнете успех и ќе ги реализирате плановите.

 
Јарец
Денес ќе ви се нудат поволни шанси, а на вас е оставено дали ќе ги прифатите или ќе се колебате. Сметате дека сте подобри и потолерантни од вашите соработници. Потрудете се да бидете смирени, вашите реакции можат да ви донесат само конфликти со блиските личности.
Водолија
Телото и духот одвреме-навреме ви се во лоша состојба. Потрудете се да излезете од ваквата состојба, бидејќи блиските се многу вознемирени. Се занимавате со интересни теми кои на крајот сепак ќе ви помогнат да го најдете внатрешниот мир.
Риби
Потрудете се да преминете од зборови на дела. Најдобро е да тргнете во акција, бидејќи со вакво темпо нема да постигнете резултати. Направете го најдоброто што можете, бидејќи идејата може да ви избега.Овен
Посакувате нешто силно, но нема да ви оди од рака така лесно да го добиете. Ова особено се однесува на љубовта и наст

loading...
Loading...