Дневен хороскоп за 08.07.2016

Дознајте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 08.07.2016 година!Овен
Имате доволно смелост да го кажете она што го мислите пред своето опкружување, но можно е тоа лошо да се одрази на вашиот работен статус. Потребно е да покажете и одредени дипломатски манири на службените средби. Доколку ви е важно да влијаете на партнеровото мислење, употребете малку лукавство како би делувале доволно убедливо. Важно е во се што правите да ја сочувате вистинската мерка на вкус.
Бик
Средбата со одредени соработниците лесно може да прерасне во некоја непријатна ситуација, важно е правилно да ги заштитите своите работни интереси. Поставите јасна граница до која сте подготвени да преземете работна одговорност. Понекогаш одредени „ситници“ во однесувањето или постапките повеќе откриваат отколку зборовите кои упорно ги повторувате. Внимателно анализирајте го однесувањето на саканиот(ата).
Близнаци
Избегнувајте непознати ситуации или соработници кои со своето однесувањето ја нарушуваат вашата концентрација. Поголемиот дел од обврските може да ги завршите на рутински начин. Нема потреба да се расправате со неистомислениците. Доколку ви се чини дека наидувате на студен емотивне прием во нечие друштво, размислете за своите постапки како потенцијални мани. Можно е некаде да имате погрешено во проценката.

Рак
Се обидувате да ги задоволите своите соработници и да ги завршите планираните обврски, но немате доволно концентрација. Премногу сте проекупирани со потребата се да изгледа перфектно, како и сите околу вас да бидат задоволни. Намалете ги своите минливи критериуми. Ќе ви одговара средба со една личност, која за момент умее да ве повлече во светот на чудесната романтика или нежност. Разубавете го своето расположение.
Лав
Снемувате смисла за дипломатија, кога се соочувате со личности кои без пардон ги оспоруваат вашите способности. Важно е да премолчите ситуации кои можат да се сфатат или протолкуваат на погрешен начин. Во суштина се има своја добра или лоша страна. Доколку некој упорно ве критикува тоа може да претставува добра тема за размислување или преиспитување, но не и повод за нова емотивна расправа.
Девица
Внимателно анализирајте ја својата околина и не дозволувајте некој да ве поттикне на ривалски односи. Работниот ризик во овој момент претставува погрешен избор и донесува само некое привидно олеснување. Постапете во согласност со својата совест. Претерувате во своите очекувања пред саканиот. Некој не сака детално да ви ги објаснува своите постапки или да ви дава свои „сметки“.

Вага
Се наоѓате во ситуација да ги тестирате своите интелектуални или практични способности, направете се што е во ваша моќ за да оставите добар впечаток. Вашите планови може да се остварат на релативно лесен начин и на заедничко задоволство. Јасно ви е дека не можете да добите се она што емотивно го посакувате, но се уште не знаете и на кој начин би можело да уживата во се она што го имате.
Скорпија
Можно е се да се наоѓа во вашите раце, но под услов да реагирате во најдобар момент или во согласност со заедничките правила за успешно работење. Нема причина да се сомневате во своите способности и искуство. Доколку ве мачат некои љубовни дилеми, размислете што е главниот повод за вашата несигурност. Однапред не го обвинувајте вашиот партнер како наводно би се заштитиле себеси.
Стрелец
Се наоѓате во малку неблагодарна ситуација и некој како да ви ги наметнува своите работни правила. Нема причина да трпите неуспех поради нечие однесување, но немојте ниту да ги преувеличувате своите способности. Бидете доволно промислени и мудир. Ќе ви одговара романтична средба со една блиска личност или некоја омилена забава во познато друштво. Опуштете се на начин кој одговара на вашите потреби.

Јарец
Премногу сте окупирани со ралзични работни или општествени обврски и ви се чини дека некој друг добива поголеми привилегии. Доколку ви пречи нечие однесување, потрудете се да воведете принцип на рамноправност или фер-плеј во службениот однос. Потребен ви е добар емотивен поттик или личност која може да ги разбере вашите идеи. Не можете да се задоволите со сегашната позиција која ја имате.
Водолија
Тргнувате од некои погрешни информации или од лажни слики кои ги имате за една личност, така што работниот неуспех претставува логичен след на случувањата. Мора да имате повеќе храброст и самоувереност да воведете нови правила во односот со соработниците. Лесно примате нечие влијание. Подобро е своите мисли да ги насочете кон саканиот(ата), отколку премногу да се занесувате со посматрање на различни личности од страна.
Риби
Некој ве потсетува на неубави случувања од минатото или на некои неподмирени сметки, кои радо би сакале да ги заборавите. Се се сведува на принципот на земање или давања, она што го добивате има голема цена и бара одредено одрекување. Некој неочекувано ве доведува пред ново емотивно искушение. Препуштете се на своите чувства, пратете го внатрешниот ритам и постапете онака како што сметате дека е најдобро.

Пронајдете не на следниве мрежи: