Дневен хороскоп за 08.10.2013

Прочитајте го вашиот дневен хороскоп за вторник!Овен
Денеска ве очекуваат интересни средби, обрнете внимание на својот стил на изразување или на впечатокот кој го оставате на околината. Направете се што е потребно, за да ги споите пријатните ситуации со корисните цели во различни правци. Се е можно кога имате добра волја. Партнерот покажува посебен интерес за вашите идеи, продолжете со проверената тактика.
Бик
Можни се неочекувани компликации во средбата со соработниците, но тоа не треба да влијае на вашата концентрација и добра волја. Насочете ги вашите мисли во позитивен правец. Важно е да почувствувате емотивно задоволство и топлина во друштво на блиските личности. Секогаш се може да се прилагоди на заедничките потреби.
Близнаци
Некој неочекувано ќе ги раздрма вашите деловно-финансиски планови и ќе ги игнорира вашите забелешки. Сепак, немојте да дозволите некој да поттикнува кај вас ниски страсти. Нема причина да влегувате во ривалски односи и потоа да трпите гадни последици. Постапете достоинствено во средба со саканата личност, реално одмерете ги своите можности.
Рак
Ако сте доволно снаодливи и брзи во деловните акции, ве очекува успех на различни страни. Покажете и на околината дека поседувате различни способности кои гарантираат заеднички успех. Ве привлекува нова емотивна игра, употребете го својот шарм и директно одговорете на нечиј повик или љубовна порака. Ќе ви годи некоја нова, возбудлива средба.

 
Лав
Делувате самоуверено и сметате на искрена поддршка од блиските соработници. Умеете да организирате заедничка акција и да направите правилна распределба на деловните улоги и интереси. Ве очекува успех на финансиски план. Ви се допаѓа тоа што е недостижно или личноста до која не допира вашиот глас. Размислете до кого треба да пратите љубовен сигнал.
Девица
Доволно сте разумни да ги заштитите своите деловни интереси во критичните ситуации. Ризикот препуштете им го на другите и избегнувајте сомнителни понуди. Искрените емоции секогаш делуваат лековите, па задржете го своето внимание на саканата личност. Уживајте во заедничката среќа која ве прати.
Вага
Доколку некој ве убедува за некаков деловен предизвик или на заедничка авантура, добро размислете за можноте последици. Некој може да ги разоткрие вашите тајни намери, затоа не бидете наивни или брзоплети. За љубовните очекувања, изгледа дека секогаш одите еден чекор пред вашиот партнер. Вашта нестрпливост делува збунувачки за саканата личност.
Скорпија
Посветете внимание на различните информации кои имаат практично значење, за да ги реализирате во потполност вашите деловни намери. Понекогаш треба да делувате доволно брзо и без премногу тактизирања. Нема причина да се наметнувате на сакана личност. Уживајте во работите кои ќе ви одговараат на заедничките афинитети и вкусови. Потпрете се на својата интуиција и чувства.

 
Стрелец
Ако сакате да ги остварите своите деловни цели, потребна ви е нечија поддршка или посредување. Немојте да очекувате невозможни решенија, туку соберете ги сите неопходни информации во добрите деловни прилики. Избегнвајте го ривалството или натпреварувачките улоги во односот со саканата личност.
Јарец
Во средба со соработниците залудно посакувате да промените нечие размислување и однесување. Прифатете ја позицијата во која се наоѓате. Неразбирањето од страна на партнерот ви делува обесхрабувачки, реагирате почувствително отколку порано. Подобрете го вашето расположение на некој од начините кои ви се достапни.
Водолија
Потрудете да ги заштитите деловните интереси и да ја сочувате вашата позиција во кругот на соработниците. Лошиот разговор, прифатете го како нова лекција од деловните партнери. Не сакате премногу да зборувате за вашите чувства, ви годи нечие интимно друштво и потребата искрено да ви угоди.
Риби
Вашиот успех ќе зависи од друго влијание. Нема потреба да се однесувате премногу наметливо или премногу да барате во друштвото на соработниците. Во емотивниот живот, подобро е да ја прифатите добро познатата ситуација. Влез во некоја збаранета зона или изненаден повик за љубовна авантура, може да ве разочара на неочекуван начин.Овен
Денеска ве очекуваат интересни средби, обрнете внимание на својот стил на изразување или на впечатокот кој го остават

Пронајдете не на следниве мрежи: