Дневен хороскоп за 09.10.2013

Што ви предвидуваат ѕвездите за денес?!Овен
Некои необични проблеми ви се мотаат низ глава. Една од причините за таквото расположение е недостатокот на енергија или чувството дека се плашите непотребно. Станува збор само за субјективно гледање на работите, па од таа причина наскоро ќе сфатите дека во прашање е заблуда. Посветете малку време и за љубов, односно на партнерот и имајте повеќе трпение.
Бик
Добрата воља и расположение ќе биде со вас и во текот на овој ден, па затоа функционирате по инерција. Бидејќи случувањата имаат позитивен карактер, така се чувствувате и вие. Уживате во самите себе и затоа не и пречите на околината. Потрудете се својот талент да го материјализирате.
Близнаци
Не оптоварувајте се со околината, ниту со нивните ставови. Партнерот е шокиран од вашето добро расположение, но се прашува до кога ќе трае. Познавајќи ја вашата променлива природа сите нешта ви стануваат здодевни за кратко време.
Рак
Во главата ги замислувате настаните и сметате дека самите сте виновни за лошите погледи од страна. За да се смирите треба да сфатите дека тоа не е точно и дека наскоро вашите соработници ќе се уверат во тоа. Во крајна линија не мора сите да ве сакаат и да ви се восхитуваат.

 
Лав
Денеска се е во знакот на пријателски и успешни контакти. Со Овните добро функционирате, бидејќи ви одговара нивниот темперамент. Витално сте зајакнати, ќе настојувате да ги завршите многуте останати обврски, а притоа нема да ја штедите својата енергија.
Девица
Ќе ве пратат успеси на секое поле. Се чувствувате здраво, бидејќи сте задоволни од моменталниот период. Ве очекуваат признанија и на професионално поле, бидејќи сте вешти во работата со комуникација и со луѓе. Прифатете ја понудата за работно место и нема да зажалите.
Вага
Некои непланирани случувања ќе ви го променат животниот ритам. Не се бунете, туку подготвено прифатете ги промените и потрудете се да уживате во нив. Здравствената ситуација ви се подобрува и кога малку подобро ќе размислите свесни сте дека здравјето било нарушено поради вашата субјективна природа.
Скорпија
Убавите случувања може да го поттикнат вашето расположение во позитивна насока. Уживате во секој момент, бидејќи добивте понуда која многу ви значи. Моментално ве интересираат парите, прифатете ја понудата за дополнителен хонорар. Вас парите ве стимулираат и ви го поправаат расположението.

 
Стрелец
Доколку во периодов не сте имале кавга со некој што е во знакот на Овен, ова е вистинскиот момент за тоа. На вистински пат да имате успех во работата. Многу оган со различен интензитет, би требало да ве стимулира за да постигнете солиден успех во она што го работите.
Јарец
Вашите размислувања се свртени кон љубовта, уметноста, работата, децата и се она што ви причинува задоволство и радост. Само срамежливоста и несоодветното однесување можат да ви ја променат хармонијата на вашиот биоритам.
Водолија
Бидејќи морате да се навикнете на новите начини на живот, направете го тоа што побрзо. Размислувањето и двоумењето можат само да ви пречат во донесувањето на нова одлука. Сепак, се чувствувате добро, бидејќи немате повеќе големи тешкотии кои не може да се решат.
Риби
Серозно согледајте ја ситуацијата и реагирајте најдобро што знаете. Не е пожелно да се повлекувате во себе бидејќи така никогаш нема да знаете до каде некои работи може да одат. Соочувањето со проблемите на блиската личност тешко ги поднОвен
Некои необични проблеми ви се мотаат низ глава. Една од при

Пронајдете не на следниве мрежи: