Дневен хороскоп за 11.10.2016

Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 11.10.2016 година.Овен
Денес ќе имате шанса да се разберете дури и со луѓе со кои во принцип имате тешка комуникација, под услов да сте помеки и да сте подготвени да водите дијалог. Не откажувајте покана за средба или за учество во социјален настан – може да се запознаете со интересен човек или да се добие поддршка при реализацијата на некоја своја идеја.
Бик
Денес не се воздржувајте и изразете го она што чувствувате или мислите – ќе ви олесни. Во службениот однос денот ќе биде плоден – средбите ќе бидат успешни, а може и да имате пријатни неформални разговори со колеги.
Близнаци
Денес ќе бидете целосно непристрасни и проценката за работите ќе биде прилично точна. Ќе се разбирате со луѓето од околината и ќе бидете толерантни кон нив. Денот е одличен за патувања – искуствата ќе бидат пријатни.

Рак
Денес не се обидувајте да ги контролирате луѓето околу вас – што и да правите, тие ќе го прават она што си го наумиле и на крај само ќе бидете разочарани. Денот е погоден да средите некои финансиски прашања, особено ако планирате купување на имотна сопственост.
Лав
Денешниот ден е многу поволен за односите со партнерите, без разлика дали станува збор за интимен или за професионален живот. Ќе се радувате на разбирањето, особено ако разговарате и сте подготвени да правите отстапки.
Девица
Денес ќе успеете да се фокусирате, вашиот ум ќе биде бистар и ќе ви текнат добри идеи. Интуицијата ќе ви помага да донесувате правилни одлуки за практични прашања, па не одложувајте важни дела за понатаму во текот на неделата – условите тогаш нема да бидат така добри.

Вага
Денес може да научите добри вести поврзани со интересна нова можност да ги проширите хоризонтите – на пример за патување, за обука или за развој во професионалната област. Ако работата ви е поврзана со комуникација, денот е одличен за вас, бидејќи може да креирате корисни нови контакти или да ја проширите сферата на активност.
Скорпија
Денес тешко ќе успеете да прикриете некаква вистина, која досега можеби сте ја криеле од луѓето, дури и од себе. Ќе успеете да погледнете од дистанца на некои минати настани и да ги анализирате подобро од порано.
Стрелец
Денес контактите – лични и деловни, ќе работат во ваша корист. Какви цели да сте си поставиле, барајте соодветни соработници и работете во тим со нив. Ако добиете предлог да се придружите на организација, размислете – може да биде профитабилно.

Јарец
Денес ситуацијата на работа ќе биде доста динамична и тоа на позитивен план – какви амбиции да имате, шансата да ги реализирате е голема. Оние од вас кои очекуваат одговор во врска со нова работа или со зголемување на плата, може да добијат јасен одговор.
Водолија
Денес погледот ќе биде упатен во целост кон иднината, а ставот ќе биде позитивен – тоа ќе ви помага да се ослободите од старото во името на новото. Што се однесува до односите со луѓе од околината, ќе реагирате повеќе емоционално на сѐ што ви се вели.
Риби
Денес ќе бидете разумни и ќе анализирате повеќе трезвено ситуации кои досега ве исполнувале со загриженост. Можете и да побарате совет од пријател – ова ќе ви помогне да сте објективни во проценката.Овен
Денес ќе имате шанса да се разберете дури и со луѓе со кои во принцип имате тешка комуникација, под услов да сте поме

Пронајдете не на следниве мрежи: