Дневен хороскоп за 13.12.2013

Дневен хороскоп за 13.12.2013 година.Овен
Денес ќе бидете видно вознемирени. Воопшто не ви се допаѓа кога некој да ви поставува различни услови и да влијае на вашиот деловен ритам. Но,понекогаш отстапките носат повеќе корист отколку што претпоставувате. Нема причина да влегувате во нови конфликтни ситуации на работното место.
Бик
Подобро ќе биде од зборови да преминете на дела, покажете од личен пример што се очекувате од соработниците. Некој ве доведува во непријатна ситуација, чувствувате емотивна дилема и пробувате да го согледате најдоброто решение. Сакате да му угодите на партнерот
Близнаци
Постојат настани кои бараат тимска работа. Полесно ви е одредена одлука или одговорност да му ја препуштите на партнерот, но често се наоѓате во ситуација во која немате голем избор. На финансиски план нема да стоите баш најдобро. Внимавајте, се што ќе земете немора да потрошите.
 Рак
Понекогаш неможе се да биде вие како што се испланирале или сте посакале. Треба да се прилагодите на различните аспекти на деловната соработка. Никако немојте да ги запоставите потребите на партнерот. Се што се случува влијае  на вашето расположение, добро размислете.

 
Лав
Поволен ден за вас, се додека не решите дека е време со партнерот да разрешите еден стар конфликт. Сепак, на крај и покрај тоа што не е својствено за вас, ќе попуштите. Размислете убаво пред да донесете одлука, која може да ви го промени животот во целост.
Девица
Поради силно изразеното и доминантно его, малку сте несмасни во однесувањето, па и не знаете кого можете да повредите. Односно немате некоја поголема свесност, освен ако не ги контролирате егото и суетата и чувството дека само вам ви се случуваат непосакувани нешта. Опуштете се.
Вага
Денес ќе имате обврски околу вашиот дом, но нема да бидете најсреќни поради тоа. Знаете како точно сакате да ви изгледа домот, но едноставно ги немате потребните материјали кои би ви ги донеле посакуваните резултати. Би требало да побарате некои стручни совети, тоа ќе ви го намали стресот.
Шкорпија
Денес  најмногу ќе комуницирате околу идејата за некакво патување,можеби зимски  одмор најверојатно, не мора да е ваш, иако веројатно ќе биде. Ќе ви треба мала помош на финансиски план која ќе се потрудите да ја позамите од најблиските.

 
Стрелец
Се наоѓате во поволен период кој е придружен со добро расположение и толеранција. Искористете ја таа ситуација на работното место и за подобрување на запуштените емоции. Посветете повеќе внимание на партнерот, почнавте да му недостигате.
Јарец
Размислувате да отпатувате во странство. Морате да создадете сигурен терен за да реализирате идеи кои на многумина им се чудни. Доколку сте во љубовна врска, не сте сигурни што точно сака партнерот од вас. Размислете во кој правец одите, за да не погрешите.
Водолија
Периодов поминувате низ психичка криза и емоионална нестабиолност. Чувате се во себе , а тоа  може негативно да се одрази на вашето здравје. Обидете се да не избувнувате веднаш. Не е поволен момент за размислување за нови почетоци како на љубовен така и на деловен план.
Риби
Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.Овен
Денес ќе бидете видно вознемирени. Воопшто не ви се допаѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: