Дневен хороскоп за 23.06.2016!

Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 23.06.2016 година!Овен
Благ пад на енергијата во текот на денот и вашата концентрација нема повеќе да биде толку насочена на професионалниот живот, туку на љубовните и приватните проблеми. Внимавајте некој од луѓето кои се хиерархиски над вас да не примети дека паузирате со работата.
Бик
Потребно ви е дополнително внимание при средбата со соработниците и при проценката на новите деловни прилики. Нема потреба да го свртувате вниманието на себе или да навлегувате во некакви сомнителни преговори. Моментално љубовта и задоволството можеби не одат во комбинација.
Близнаци
Се обидувате да ја засените својата околина и со амбициозен стил ги прифаќате различните обврски. Сепак, деловните случувања не одат во посакуваната насока. Поради почитување на некои приватни и деловни договори, прифатете компромисно решение. 

Рак
Изгледа дека колегите ви замеруваат дека личните интереси ги ставате во прв план или често сте самоволни. Сепак, заострената деловна клима позитивно ќе ве мотивира. Намалете го внесот на шеќери и внимавајте на тежината.
Лав
Можно е некој од колективот да се обидува да го преземе вашето работно место, што воопшто не ви одговара. Се чувствувате загрозено на некој начин, но подготени сте да се борите. Избегнувајте цигари и задимени простории. 
Девица
Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од натоварените обврски. Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство и разговорите кои делуваат релаксирачки. 

Вага
Избегнувајте претерано експонирање во друштво на соработниците. Нема потреба да зборувате за работите кои предизвикуваат негативна реакција, подобро прифатете ја компромисната варијанта. Всушност, секогаш постои фактор за промени и изненадувања. 
Скорпија
Важно ви е да се изборите за подобра деловна позиција, затоа категорично инсистирате на своите намери. За срека, делувате многу убедливо за околината, па така нејзината реакција ги потврдува вашите очекувања. 
Стрелец
Можеби не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но тоа не треба дополнително да ве оптеретува или да го менува вашиот првичен став за деловно-финансиската соработка. Порано или подоцна се ќе дојде на свое место. 

Јарец
Некој ве критикува или се обидува да ги претстави вашите идеи во негативен контекст. Сега е тешко да се утврди вистината во соработничките редови, но вашите деловни цели многу се разликуваат во однос на мислењето на повеќето. Намалето го внесот на кофеин. 
Водолија
Понекогаш губите контрола над важните ситуации во деловниот дијалог, потребно е да смислите алтернативно решение. Добро проценте ги своите деловни можности пред да влезете во посериозни преговори со соработниците. 
Риби
Нечии услуги за вас имаат висока цена, затоа барајте поедноставно деловно решение или поповолна варијанта. За се добро размислете, нема потреба да донесувате заклучок по првиот впечаток. Не го занемарувајте мислењето за членовите од семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи: