ДНК ќе прават револуција во Куманово

R`n`b дуото- ДНК во сабота, на 29-ти август, за прв пат со бенд во живо ќе настапуваат пред кумановчани. Ова ќе биде перформанс со многу емоции и позитивна енергија која што ќе се почувствува во Revolution Café во Куманово.Сите обожаватели конечно ќе имаат можност да уживаат во концертниот настап со бенд на нашето нај големо r`n`b дуо – ДНК. На 29-ти август, сабота, сите правци ќе водат кон Revolution Café во Куманово каде што ќе се случува вистинска музичка револуција.
Панчо и Андреј заедно со нивниот бенд (Танче Гроздановски – гитара, Никола Бочваров – бас, Сашо Стојановски – тапани, Влатко Георгиев – сајзер, Горан Папаз – сакс и придружните вокали, Геновева Качуркова и Анета Качуркова) Ве канат на незаборавен перформанс со кој ќе се заокружи летната турнеа.
„Навлечен на тебе”, „Што сака нека биде”, „Дада”, „Срце”, „Најмила”, се само дел од хитовите на ДНК кои ќе се пеат на концертниот настап кој ќе биде последен од агендата за ова лето.
Емоции, адреналин, хитови и целовечерно уживање е она што ќе можат да го видат сите посетители и присутни на концертниот настап во сабота.
Бројот на карти и резервации е ограничен. Овој перформанс во живо на едни од најдобрите музичари кај нас не се пропушта. Тоа ќе биде вечер за паметење и интимна забава во Revolution Café во Куманово на која никој нема да остане рамнодушен.Сите обожаватели конечно ќе имаат можност да уживаат во концертниот настап со бенд на нашето нај големо r`n`b дуо – ДНК. На 29-ти август, сабота, с

Пронајдете не на следниве мрежи: