Граѓанската иницијатива за почисто Тетово на денешната прес-конференција одржана кај претоварната станица за отпад на Тетово побара општинските власти да го исполнат даденото ветување и да го дислоцираат сметот.
Оваа депонија е само на стотина метри одалечена од старата која се уште постои. Ние како граѓанска иницијатива за почисто Тетово имаме едно круцијално прашање: До кога општинските власти ќе лажат и ќе се служат со манипулации? Ние не сме слепи при очи, па да не гледаме дека за ветувањето за дислокација на сметот што го гуши Тетово, општината само лаже и не признава дека нема адекватно решение, велат од граѓанската иницијатива.
Од граѓанската иницијатива апелираат за што поскоро решавање на проблемот, во спротивно ќе ги радикализираат нивните мерки.
Оваа депонија е само на стотина метри одалечена од старата која се уште постои. Ние како граѓанска иницијатива за почисто Тетово имаме едно круција
До кога општинските власти ќе лажат за дислокацијата на сметот кој го гуши градот






